Во ова мрачно време на разочарување, на изгубен ентузијазам, на летаргија која е навлезена во сите возрасти, летаргија кој не кутна на колена, не легна, не потисна, не ни дават ни глата бар малку да ја крениме за да пробаме, ако не друго, да ја видиме малата точка на светлината на крајот во овој тунел, црн тунел на политиката, која ни ги помрачи сите сетила, за радост, за надеж, за желба да се ојт напред….пет средношколци, сами со својот ентузијазам, со својата желба за да ја фатат и да стигнат до светлата точка на крајот на тој мрачен тунел, ни покажаа нам, нивните родители дека сепак кај некој од нив постои надеж, постои пат од кој можит да се излезит, ни покажаа дека тие не се решени да се стопат во ова мрачно сивило на безволноста да се успее….

Не израдвија со својата претстава “Сите мои синови“, а истовремено ни удрија шамар на сите возрасни и ни покажаа дека иако им сме ние родители, иако сме ние возрасните од кои тие требит да црпат сила од нас, иако би требало ние да сме водилки во подобро нивно утре, ни покажаа дека тие се водилки за нашето подобор утре, ни покажаа дека не тие од нас туку ние од нив требит да учиме како да се бориме за свое место издигнувајќи се над лудилото наречено политика, сиромаштија….црнило….Браво за нив, БРАВО за ЛЕА, КАТЕ, ТОМЕ, ЈОВАН и НИКОЛА и не се секирајте……она шо го покажавте ви гарантира дека вашиот успех е загарантиран во било кој сегмент од животот заради тоа шо го имате, она шо на скоро сите ни фали……воља, ентузијазам и идеја за подобро утре….БРАВО.БРАВО.БРАВО

Не…не сум Милчо Манчевски и ова не е “Пред дождот“, но ете одлучив овај пат да почнам со крајот, за да овај и ваков крај не свестит, за да бидит почеток на нешто друго, да бидит иницијална каписла на мозочните виуги на возрасните.
Да ова е обична колумна….која некои ја с фаќет здраво за готово, некои ќе си се насмеат, а некои пак не ја ни читет. И сега ќе бидам  побезобразен од политичар и ќе ги поздравам тие шо не ја читет. Ќе стигнит до нив поздравот????
Ете вака сакав да почнам ама и вака: (превземено од “очајни“ луѓе како постој на ФБ) “ ….Да не дозволиме Бранко да си замине од партијата…Само Бранко и Љубчо можат да го рушат ова зло….Голем човеку народот сеуште ве сака….Лидер и државник само Бранко на прва линија со народот…..

Колку ли само луѓето искажаа очај и ни навестија тмурна иднина ако си одел Бранко од политиката. Добро  бре луѓе….дали нашиот живот е политиката???….дали нашиот живот е Бранко???…дали нашиот живот е Никола????…..или нашиот живот се нашите деца, а тие се нашата иднина. Дан згрешив? Ако грешам нека изгорам.

Не јас не згрешив. Сите згрешивме шо дозволивме бљувотините на политичарите да се над крштевката на нашите деца, над нивната матура, над нивниот ентузијазам за подобро утре…нивно. А со тоа и наше. Дај тргнете те ја  од глата политиката, тргнето го Бранко, тргнете го Никола…..и дајте све од себе кај оние деца кај шо го имат ентузијазмот да им помогниме да го оддржат, а кај оние кои го нема да им го влејме. Дајте да се крениме да живејме и со Бранко и со Никола, ама и без нив. Примет плата за да работат ако згрешат “еден ќе им суди“ не ние.

Не, овај пат не ги пљукам политичарите, туку пљукам по возрасните. Работата на политичарите е таа…да не мамат, да не вовлечат во мрежата на апатија, во мрежата на сепартизам кој сакет да ни го напикет во сите наши мозочни клетки…а нашата работа шо е? Да го одбиеме ова или или да се напучиме за шо полесно сето ова да ни го напикет? Ние нашата работа ја завршивме со заокружвење на некој број, која на името шо е зад бројот ќе му дајме благодети четири години. И тука нашето требит да завршит.  А ние шо прајме? Ништо. Ја посравме работата. Ќе почниме и во градинка да прајме претстави со ликој на политичарите. А шо ние прајме за да не дојдит до ова? Ништо…зато дојде. Не …лажам….не дека не прајме ништо дури и додаваме нафта на огнот наречен политика.

И да. Гореспомнатите пет малолетници се бореа да ни го привлечат вниманието, дека ни се деца, дека се покрај нас, ама кој тиквар да ги приметит кога едвај чекаме вести да слушниме колку фабрики Бранко затворил, колку народни пари Никола потрошил, кој на кого појќе ќе му го напикат преку својте портпароли…….а децата…не ги приметивме. И ај шо не ги приметивме, туку немо седевме пред џунлгата шо стојт пред нас полна трња, шибјаци и коприви, не собирајќи храброст да ја поминиме и да стигнеме до чистината зад неа.

Не ги приметивме дека тие се спремни да влезат низ таа џунгла, наместо нас возрасните, кокошкарите, да се изгребат, повредат, да се разранат, да остает дел од нивното тело, нивното битие на гранките на трњата но сепак да стигнат до чистиот пат после џунглата, после политиката. Зш тие сфатија, ние не, дека сепак помалку болат физичките рани, дека сепак тие рани се лечат без разлика шо оставаат лузни, но го сватија најбитното. Раната во душата, психичката рана не се лечи луѓеееее. Зато немојте да им ја нанесвиме. Греота се. Мали се.

А сега вратете се горе прочитајте го почетниот крајот, кој се надевам ќе ви е почеток  и после вратете се на она шо сакам да го кажам…….среќни сме ние родителите на овие пет деца шо не отрезнија дека постојат со добро, предобро дело, сами спремија една трагедија која не натера да плачиме додека дадоа све од себе да ни го покажат својот ентузијазам кој ете кај нив не бил мртов. Да, да…нека не е чудно…плачевме додека гледавме, не само ради то шо темата беше трагедија, многу појќе плачевме шо нашите деца не израдвија со добро дело, ентузијазам, со нивни и само нивни производ….па зато… родители свестете се, не дозволите децата да ве натерет да плачите со вистинска трагедија…подобра е трагедијата  спремена во претстава….ќе плачите само тие два сати.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.