Абе сеј си мирен за празници. Посебно немој да си се зафатил со пишење на колумни. Јас не сум будала шо не пишам колумни за празници. Ќе маниш некоја ракија и не знајш шо тресиш, јајш некој трици и ќе ти се смеел цел свет. Ам ќе ти се смејт. Зато реков НЕ. И то се свртив кун сликата од Момирон и бев ептем категоричен НЕ! Ја колумна НЕ пиша ја гашчи Не слака!
Пак да си признајме имат и друг проблем. Ако пишиш пијан, ќе се отрезниш и ќе се извиниш за глупостите шо си ги истипкал. Ама пак имат некој шо пишит, а празни се во глата. Жим’ тебе. Е со нив шо прајме. Не оти мојш со сила да им туриш. Не така? Мада дан се разбериме криво. И таквите не се криви. Шо да прает шо застанале на крајот на редот ко делел Господ мозок, па малку му останало и почнал да го делит на 10-тина еден. А пак ко му престанало наместо мозок им редел расол. Ам шо сега ко немал. Шо да прајт?
Е знаев. Жими политичариве, ак те лажам нека пукнат, знаев. Знаев дека ќе помислиш на срцено Тањичка и нејнана колумна. А не. Јас ја подржувам и мислам дека е во право жената и како таа шо поткрепи со аргументи и јас можам да се придружам и со најцврсти аргументи да потврдам дека не се ојт туѓина ради парите или ради политичката ситуација, ами најмногу заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план како и чувството на љубовна празнина во домот. Тиии како го имат формулирано ова, ако не го препишев од неа стап ќе ми текнеше сам вака да се одразам.
Еве да не одам подалеку. Ќе тргнам од брат ми кој беше туѓина осум години. Прв пример дека не беше ради пари. Брат ми, пред да ојт, беше вошкосан од пари. Не можевме никако да му ги исчистиме вошките. Ниту со “Варикина“. Арно ама примети дека во домот му недостасуват љубов и беше запоставуван од мајка ми најмногу. Мама ко ќе ни мачкаше ајвар нему му мачкаше потенко од мене.
Апла беше дека мене појќе ме сакат. Ако јадевме грав нему му турвеше гола вода без зрна, а татко ми специјално за него купвеше двослоен г`с папир, а јас, тато и мамичка се бришевме со четворослоен и то парфимиран. На алое вера мирисаше. Некогаш тато не купвеше за него туку мама му ги переше ливчињата, ги сушеше и му ги даваше пак да се бришит, зш ако купевме за него пак, немат да ни стигвеа пари да поручвиме кавијар. Така да чоекот осети дека му се појавуват чувството на љубовна празнина во домот и за да се спасит замина.
Аргумент два. Ви го внук ми Јане. Тој, пример, носон го бришеше со иљадарки, а ушине ги чистеше со петсто денари. И еден ден тук…..фук ја збриша на брод да работел таму да се вуцарат за посрани 3000 долари. Мислев мислев зш ојде детево, зш посрано беше од пари, дури и некогаш знаше новчаница од 5000 да клајт на портана од дворон и да ми напишит “вујче тропај посилно на портата зш сум седнат в кенев и решавам македонословки“.
Е за да не се думам ја запукав кај брачеда ми разговаравме непрекидно две недели да откриеме зш се странствова детево и до пред некој ден никако да се откриеме. Арно ама опаааааааааа јас ја прочитав та колумната од госпожата и ми текна. Ја прашав брачеда ми дали внучево ко мало имат гледано филмој со “Каспер“. Рече не. И ми текна мене. Ете детето како мало немало гледано, го запоставило добриот дух “Каспер“ и сега кај него се појавила духовна неисполнетост. Ни олесна.
Море луѓе една работа требит да се објаснит за да не сте во заблуда. А не смејте да сте во заблуда зш после ќе ми ојте по улици ќе блудничите. Зато околу една работа требит да постигниме консенсуз. Ако требит ќе ојме и во Пржино. Значит, све ти е ништо ако не ти е возвратена љубовта, а ништото ти е све ако ти возвратат. Браво Тање. Е сега овде малку…возвратена љубов по нашки значит нека некој те сексат. Значи да имаш секс. Заклучок: љубовта која ти ја да даваш се исплатвит, духовно те исполнвит ако и само ако некој те сексат.
Тгрвејќи од овај заклучок немат зш да се прашвиме зш авторката на та колумната е останата во државава. Логика. И покрај то шо та овде, во НСРМ, скоро ништо немат кутросаната, еден посран стан од 95 квадрати, рушевина од куќа со двор во Дојран, Тојота Рав гарант на старо некоја скапана, , БМВ Х3 гарант некое педерско во лила боја, едвај преживуват со ништожни 52.000 денари, а и да ги клајме неколку симболични хонорари од скоро ич неколку управни одбори…да не речам загреота е, одма би ги спаковала куферите и гитла туѓина. Еееее дојдовме то поентата. Која е причината шо та вака со бедни примања останвит во НСРМ?А?А? Е така….возвратената љубов или сексот, или поточно како шо рековме горе, некој или некои ваљда многу ја сексет и ја исполнвет……духовно. Јасно е сега???
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив