Мирен…мирен….не сакам лоши зборој нити за Петрета нити за Агатангела. Сус. Арам да ти е. Како бре , какоооо велиш дека во ова криза пандемиолошка не помогвеле тие? Арам да ти е. Да дајт Господ пролив на раскрсница да те фатит ко ќе е црвено, за овие погани зборој. Еве ќе го цитирам шо изјави ко го прашаа дали црквата помогвит. Пере прокашла: На сите собири ние апелиравме да се почитувет мерките“.

Е кажи сега мочко еден дали имат поголема помош од оваа? Кој како го бркет од работа Петре шврс еден апел и чоекот избркан од работа ќе си купит леб. Влегвиш во аптека да си купиш лекој за да преживејш и викаш на аптекарката: Пецката ми даде 4 апели еве наплати си. Е сега кој ти е тебе крив шо не си ги собирал апелите. Ти се молам.

Тук зафати се за работа. Јави се и во А1 и во Телеком и до сите оператори резервирај бројој за донации за овие двајца да бидиме хумани. Ајде чедо зафати се за работа. Мораме да помогниме. Само депoзитот шо го дале за во “Систина“ им плака мајката. Без една десеттина од плата имет останато. И од шо ќе живеат после? Ам средства за банани за рехабилитација, ам лимони, ам портокали, ам….

Друго….во секоја продавница, аптека, кај кондураџиине, на тезгине, на секоја тезга на пазар, на секој ќош, градинка, школо, да се клајт по едно буре за донации да се собирет со табла светлечка од оние шо шетет буквине да пишит: Чедо биди и ти милосрден. Донирај за Петрета и Агантангела ако имаш душа“. Како? Добро бе…..клај и датум да вртит и моментална температура. Така ќе е по раскошно. Како со шо ќе платиме? Донации. И пази. Отвори еден акаунт како АлиЕксрес. Децана шо имет онлајн настава да может електронски да плаќет. Ајде паше летај.

Немој така молим те . Некој душа собират некој пенис топорит. Па душа не ми дават да не помогнам. Леб в уста не ми се редит. Ќе одам јас ќе се парталам на пазарење со цела  полојна марула, еден страк праз, лимун и пол, пола леб и пази….цел ѓеврек двајца го јајмееее алоооо. Ние ќе аздисвиме, а Перица ќе немат ни за кифла.

Како??????Никако. Н Е Ј Ќ АМ   ДА С Л У У У Ш Н АМ. Како бре со едно возило да се ги возиме измрцварени?Како? Оди за едниот изми го Мерџоно GLE класа, а за другиот SUV-он Lineup, клај им нови гуми. Аку аку ги менавме сите 8 пред две недели. Уживај. Идат Велигден ќе дојтат вернициве ќе се помолат и прекрстат од ко ќе акнет пари во сандачено… уживај.

Ко ќе влезат да се укључит на сите седишта  вормемасажензигрбенвибрационензи системот. И  полека возење да не се дрецкет по автопатот.

Од ко ќе го средиш то зафати се со задачата шо ни ја даде Мила Цароска. Се укинвет учебниците и дечињата све онлајн ќе учет. Летај. Ајде пичи одма во: Свирипичино, Арбиново, Косоврасти, Бохула, Волковија….како….да да Бешиште обавезно. Таму имат 12 жители. И Турје обавезно. Абре знам дека е 1256 метри надморска, ама мораме и таму интернет да клајме и обавезно WIFi. Ам како да прајме. Имат 10 жители и таму. Е сега како ќе стигниш. Ваљда Цароска ќе ти го дајт хелихоптерот шо е за расшетавање.

Добар потег на министеркава. Со  ова и Тодоров го шина. Имало и попаметен од него. Убајна. Си сејт детево дома во Турје, е она де баба шо ќе го родит денојве, си сурфат, почвит часот, минимизират PornHub, отворат историја и пичит часот. Ам како.

ЏИМИ

 

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите