Слечија. Абре слечија. Алоооо слечијаааааааа. Ко ти викааааммм слечијааааа. Иначе стап ќе те примам. Слечијаааааааа….не ми кревај сафри. Не ми кажви мода – вода, ова – она. Абре каков Ив Сен Лорен, каков Версаче, Пјер мјер Карден. Како не ќе било мода. Мислиш ак ја натегна јакната не ќе те познам? Таков не те сакам дома и ова недела не те примам. Како? Аууууу как не се уплашив. Се посрав веќе. Прво не личиш на Ката колку сакаш клај ветровки. Второ Ката ми личит на цеца ми Биба Додева и нејзе си ја сакам. Така да и да ми напрајш забуна ме боле.

Шоооо? Оф мори мајко. Ти реков јас дека ти му имаш паднато на гинекологот од раце директ на плочки. Не бре рушен си во глата. Как не била Биба под јакната. Ав ав ав ти повервив. Не е будала Макрон во Нон Пејперон да клајт да ја ослободет Ката, а наместо неа да ја шетет Биба. Ар оди истреби се. Евентуално мојт Биба да му пејт за баба му, упс за жена му… Плус огромна разлика имат меѓу Ката и Биба. Ката пропеа сега, а Биба пејт цел живот.

Батали и остај ме овај пат. Ептем сум нервозен. Ептеееем. Отруен сум од глупости цела недела и да ти кажам ми идеше да те избркам ова недела да не ти зборвам. Е како шо? Збеснав бре со ова државава наша….шо било ова? Па преку нос ми е и Скопје и смог и загадување и невладини и борба за здрав живот, чист воздух, здрава храна. А најмногу со тој загадениот воздух. Па се претера, а не се мислит на најбитната работа. А то шо ни кажвет дека ќе сме влзезеле во НАТО и ЕУ? А то шо ако се врателе на власт немат пак да краделе? А то шо овие биле поарни од оние, а оние пак ќе не опрајле? А шо со то шо и овие и оние знаеле кај згрешиле и дека немат пак да грешат?

Едниот: ќе виш ти после 12 април како ќе ојт како подмачкано, другиот: абре мојата маст е како товатна прифатетеја. И кај се сега невладините, владините, опозициските и сите шо скокет за воздухот? А?А?А? Само воздухот е штетен? А олку јадење лајна шу прајме? Лајната не се штетни? Ај шо тие јадат лајна шо спомнав тук и нас не ранет со истите. И сега само воздухот е проблем?А?А?А

Ам ти реков не чепкај ме. Зш толку сум спизден шо за секој случај зедов влошки дан ми дојт. Евааааа….види го. Абе знаев дека ќе ме до онадиш. Па како бре? Поооо шо хејтер си станат. Шо ти сметат шо во МНТ имаше орда која си славеше? Шо имат лошо во то шо искршија све, шо го избербатија МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР, скокаа по седишта, а не беа пијани, шо…..абре важно „немаше навредливи зборој“.

Па кај да славит навивачка група годишнина ако не во знаменит објект на НСРСМ? Јас колку шо знам никој не ги пуштил и никој не знаел дека се таму. Како? Оф бре хејтеру. Еваааааа…абре тие 150 полицајци и 30-тина од алфите се со стален работен однос во МНТ и секој ден се тука. Не туку се просеравај. Ме скрена денес ме скрена. Ја чу изјавата од Груби? Е па….тој не е рушен во глата, не е глупак, не е лажго шо даде онаква изјава!!!!!!!

Ај жити леб облечија пак капуљачата да те мислам дек си Ката и да ти простам све шо прокака како нејзе шо и ќе и простет и не ме нервирај. Па човече морам да се сконцентрирам на единствениот, досега невиден и уникатен кинкурс во историјата на НСРСМ. Еваааа….и за ова не знајш? Абре Мицко ќе објавит конкурс за пратеници.

Даааа батеее даааа…..Секој ќе мојт да конкурират. Јасно. Каков Ацо велгошчанецон, каков Ило лажгоно, каков Јохан, каков бакрач….ние батееее….ние ќе сме пратеници….народов. Е така де. И јас викам ова е невидено. Па нормално. Мицале сакат да се оддолжит бар на 40-тина македонци. Преку пратеништвото бар колку толку да му вратит нешто од животот шо Зоне им плака мајката. Како ам.

ЏИМИ

*Ставовите и фотографиите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите