На Заев не може да му се верува…. На Заев не може да му се верува….На Заев не може да му се верува….На Заев не може да му се верува….На Заев не може да му се верува…. На Заев не може да му се верува….

Абре цела недела….не…цел месец го слушам ова. Ете ќе те послушам. Ама да ти кажам не на Зајко, ами појќе на никого не вервам. Ама баш на никој. Од пред 25 години ко ми рекоа дека поубо е на рака да перам, дека не ми требит машина за перење ( мада јас све на раце перам), а истиот купвеше тојоти, па послем еден се промена и бркаше некој министер во тренерка, а фати бинек, па после еден сечеше краци на октопод, а и тој и голем дел околу него се напраја октоподи…..не бе….никому не му вервам.

А како? Е па така. До вчера една спикерка едвај имаше пари за бела ролка од Шутекс, а сега имат бело Q5 ауди. Е како така? Јас сум рушен во мозоков или некој ме боцкат? Е нејзе да и вервам? На Латас? Дај бре кочи малку. Овај вториов и со Бранчета и сега растур прајт. Камелеон за него е примадона. И то барам да ми одговорат и Никола и Бранко. Дај бре одговерете ми на некој прашања. А ептем се прости. Ептем.

И едниот и другиот ме водат во нашава ни НСРМ, бар официјално, а испадвит дека ме водат жеден преку вода. И то замисли. Охриѓанец. Исти бинек ти е како да ме возат со кајче од пристаниште до Св.Наум во август, а да не ме пуштет да се искапам убедвејќи ме дека во езерото имат крокодили. Демек за арно мое. И не ми е криво шо ме лажет та едниот та другиот, туку ми идет од дисаѓиве да си каснам дека вервет дека им вервам.

Ама ај некако да почнам од почеток. Или од крајот. Мене ми е све исто. Зш двајцава не донесоа до крајот. Незнам од кај да фатам. Збунат сум. Ко пролиф да ме имат фатено на автобуска, во моментот кога чистачката го чистит ВЦ-то и со метла ја заглавила вратата.

Од каде…..е ај од кадееееее….до вчера со ролка од бит пазар Ивончето сега возит ауди најскапо. Пардон, пред најскапо Q5, не Q7. А не. Не ме сфаќај криво. Нека возит. Ама ете та спикерка е, а и шо и да е, бар дупло појќе од неа работам поштено, не сум крадел, не сум мамел, не сум се пикал како ФАКТУ во чмар и зш, мака ми е зш, јас не успеав да купам бар напола старо ауди од нејното ни бело, ами јас се матам со лизинзи мизинзи и незнам кај ми е глата.

И то без да ….таткото да пушит на мајка….ами со чесна работа. Нели и Бане и Коле ме учат дека све е за народот???? Односно дека све прает за арно на народот. Јас ни крадев ни мамев ни пиев ни по плевни спиев. И сега кај е заебанцијата. Некој овдека некому му прајт нешто од областа на сексот во здрав мозок.

Само прашвам. А неморат никој да ми одговорит. Кај е Бранко? Кај е Заев? Нели ако не чинит власта, така викат Заев и Бранко и Шеќерка и ако народот патит, така викет тие, баш тие и никој друг мене и другите како народ требит да не спасет. Или пак ги немат можда со Ивонче и Глупатас прает договор да земат некоја зимска гума од Аудито.А?А?

Реков од почетокот….не од крајот…..ам незнам од каде. Можда да почнам од министерот со тренерки? Можда од октоподот со краците? Или од жабата и шлеперот? Незнам. Навистина сум посран ко Хорхе на прес без концепт. Од кого. Од Кљусе? Од Хари? Од Љубчо? Од Бучко?

Незнам. Навистина незнам. Ама едно знам. Знам дека овај народ имат памет колку брбушка од овца. Некако сите ко ќе дојдет на власт кажвет дека све е ок, а не е. Ги сменавме сите ( гласавме – а шо лајна сме ние да ги мениме) и никако на арно да тргнит.

Едино да напрајме нови невидени избори. Да се гласат за народ. Зш од една страна кој дојте на власт океј е, а народот патит, а народот трпит, а народот ќутит. И со секое идање на некој нов на власт имаме нови милионери, ете сега ни се Ивона и Латас, а до сега сиве 25 години сме имале 20-тина Ивончиња и 20-тина Латасчиња. Па зато или да остајме еден на власт нека сотрит све или да ојме на избори за народ. Не така?

ЏИМИ
[email protected]

Ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.