Ти праќам СМС да знајш дека имам ПМС и не ми звони ќе те отерам у 600-то……..жена ти.
Син ти денес доби 5-ка ама сепак дојди ти, не женати, ти дојди, да ти објаснам како ја доби петката, во петок после 20 часот во кабинетот кај мене. Нагласвам дек требит да дојдиш ТИ за убо да се разбери ме и истуширај се онака ради ДДВ……класната на син ти.
Излегоа резултатите од анализата. Хеликобактери немаш така да можно е проливот да ти е од љути пиперки туршија, праени со есенција или имаш слика во дневната од Бранко, како во времето од Тито или пак го имаш гледано Латас на вестите на Сител. Острани ги овие причина и чмарот ќе ти е на рајат……..матичната. И во право е. Зш мирен чмар куќа градит.
Е ова море не е влада. Ова е злато. Уште да ми напрајт да можам на Жаки во лабараторија да и пратам мокрача по СМС или ММС……тииииииии….. дур умрам, а и после то ќе гласам за неа. Абе како е тргнато данк спермата по СМС кај женати и џанг бебе. Да бе. Мада мислам дека и Бане да е на власт, пту пту пту скраја да е згрешив и Заев да е на власт ќе гласав за него. Зш кој и да е на власт не оти некој имат мадиња на Нимиц, Олаф и кој и да е да им речит НЕ. Како дедо Тито на Сталин. Саде купват вазелин, ама и ние и после се жалиме на хеликобактери за проливот како епидемија во НСРМ. Лично за мене и едните и другите ми предизвиквет дијареа, да не речам исти бииииип ми се, само различно паковање.
А да. За малку ќе останевте без колумна. Имав работа. Да да. Ги зедов мама, тато, бато, дедо Богатин, баба Сиљаница( го задржа името од првиот маж Сиљан – Богатин и е седми), децата, жена ми, стрина ми Аврамица, тетин ми Јосиф, вујче Тофил, кума Зумбула…..и уште некој. Да бе. Им дадов по 110 денари и застанавме кај еден дуќан, сите по ред, како за на гласање, ама наместо средниот прст за отисок, спремени по 110 денари. Како ам. Им реков сите по една мастика да купвет и да земет фискални. Да даааа….Со 100 денари да купват, а 10 провизија за услугата.
Де бре спремен сум да земам станој, деловни дуќани и све шо давет. И се борам. Ојдов на бензиска и му викан на Гоџо: брате турај до крај и прекинви на 100 денари…..мозок сум. Зедов 10 сметки по 150 денари наместо една од 1 500 денари. И види….како е тргната работата овие двајстина години не ќе мојме да ја доиграме ова наградна игра зш не ќе мојме ни мастики да купиме уште малку и стап фискални. Како и да е ние копуциве ќе се бориме против криминалов , немат шо да се борат институциите, зш тие се за друго, а ние сме да се напучиме и после то да провервиме хеликобактери, дијареа и други НСРМ-овски какањци.
И собрав 100 –тина фискални и се израдвав ама одма паднав во депресија. Ти се дрзнале од Галуп, америчката агенција, да прает анкета и не клале седми во светот по тешкиот живот во 2012 година. Абре американци абре токмаци. Не не вреѓајте….све шо е под прво место подолу за нас е навреда. Сумљам дека ова им е реално.
Јасно ми е шо ги имаме победено велесилите како , Иран, Сирија, Авганистан, Либанон и Танзанија, ама неможат да сватам како сме позади кокошкарите како Бугарија, Ерменија, Камбоџа, Хаити, Унгарија, Мадагаскар. Во анкетата викат дека само 31 % од НСРМ-овците се изјасниле дека страдаат и преживувет. Ајде ти се молам. Не кажви сонини. Господ знајт кај ја имет праено анкетата. Гарант негде по ходницине на владана. Жими све. 2011 бевме на 17-то, а сега само 10 места погоре. Абе ајде бегај.
Абе саде нервози. Еве пукна тиквата и помеѓу бившиот и сегашниот градоначалник. Да бе. Аце и Бакрач. Никола го обвини Ацета дека му остајл долг или краток не се сеќавам како рече, од 33 милиони евра. Полека Коле…не е фер така. Ете и Аце излезе и објасна дека долгот е од порано од пред 30 – 40 години од другите градоначалници. И мислам дека Ацика е во право. Јас дури би додал дека не само од градоначалниците пред него , ами од извори блиски до Биљана, разбравме дека највероватно наголемиот долг е напраен од Царот Самоил ко ги праел тврдинине. Како ам.
Е сега можда малце, викам можда ама малце, Ацко имат потрошено некој милион појќе, нагласвам, можда, за Ацевине тврдини шо ни ги истопори пред зграда та сонце немаме видено, шо му беа во план и од оправдани причини. Зш шо да прајт чоекот ко во негов мандат со сила му наметнаа да вработит по 8 души по канцаларија кај шо имат 3 столчина и чоекот мораше да растеретит малку. Како ам.
А и да имат потрошено, реков МОЖДА, парите ќе се вратат пак и од туристички посети. Зш како шо сакет туристине да ги посетват Самоиловине тврдини, зш да не сакет да ги видет и Ацевине тврдини. Зш види….не оти нас од Ацета не ни останаа урбани тврдини, ама овие се посебни и негови. Мада недопраени, ама кому му е галје де. Како ам.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.