Не бре не станвит и не станвит. Упорна е. За Баба ти кажвам. Ене ја легната е. Имат проблем со простатата и ѝ кладоја катетер. Не остават никој да ѝ го менит. Од шо ќе дојт Бујар… И услов: да ја земит со хеликоптер дома му.

Викат шо позначаен е Пендик, Бујарчо да го посетит, од мене. Пендика го тепале и оп со понада кај него. Е сега Баба не ја тепаа ама требит сите факти да се разгледет.

И вие да ви кажам за нигде сте. Како да не сакет бугарите сега? Истрчавте ко прле пред магаре и го осудивте Џамбаски за закана за атентат. Тој рече шо рече и вие одма џанг кубурот ваѓање. Ам сега как да не се нервирам. Ви стојт на појасот 200 години и сега најдовте да го извајте?

Абре не ојт то така. Чоекот нити кажа кога ќе прајт атентат, нити каде нити со шо….ам така де. Е ако све ова го напраеше токаш пеки. Но не одма со кубурот. Си имат постапка дефинирана во Колективниот Договор потпишан со сите наши дупатели. Прво се ојт со опомена. Со две. Ак пак го сторит истото се формират дисциплинска комисија и така после 2-3 години заседавање ако се најдат аргументи му се изреквит дисциплинска мерка. Обавезно да имат и пропратно писмо во форма на извинување према бугарчета шо ни е во план да го извајме кубурот. А не само трчај.

Требит малку да учиме и ние од братјата. Момчета во саботата го каменовале нашиот културен центар “Никола Јонков Вапцаров“. Да бе. Е како ќе ни беше нас во душата да го кубуреа? А? Некој пак рече убо шо не го изрушија со тенкој. Е за то мало сутра. Бугарските тенкој ги чуват и сервисират Бучко. Можда планират и цевки да му клајт некој ден.

Зато внимателно. И немој одма да се трчат без анализа за зборојте на европратеникот и екс амбасадор во НСРСМ, Александар Јорданов, кон нас македонците како “црвени ѓубрина“, “титоисти“, “српски гомна“ и “одродени бугари“. Мирно. Чоекот можда то го рекол под притисок на Путин? Од кај знајш. Како рекле: ако некој ти удрит шамар то сврти му го и другиот образ.

Како ам. Мада во овај случај е: ако некој те множит со нула, не те признават, те дупит како сакат ти заинет уште појќе топори му се. Шљакај се. Тој пцовка ти трт. Мада без докачение ваше Превъзходителство Јорданов не сакам криво да ме сватите ама ние никогаш не сме црвени, нити српски, нити бугари. А сме ѓубрина, гомна и одродени Македонци.

Само моља те без докачение. Еве види еве на…. Бъди нежен.

Тук јас си се заприкажав а имам работа колку сакаш. Ќе прам мекици. За Антонија Гиговска. Рече пустинката дека ќе умрела од среќа шо била трудна. Немаше медиум кој не ја објави оваа вест со слика од Антонија и од ехото. Ударна вест беше. А и заслужи з`ш после Ева таа е прва жена шо затрудне. Да бе. Обично на другиве жени им се прајт брадајца на газот или мозулче на препона па од то се развиват плодот. Мхм.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите