Ех колку сакам да сум специјалец. Богами. Знајш дека ќе предложам сега преку Зајко да се воведат факултети исти ко сиве овие само ко ќе завршиш да добиеш звање пример “Специјален гинеколог“. Да бе. Ако не мојт обичниот, нормалниот гинеколог да ја породит некоја се пристапвит на процедура на именување на “Специјален гинеколог“.

Се предложвит до собраниска комисија, та носит одлука, ја дават на собрание, па зависно од приоритетноста се редит на дневен ред, па дискусии, амандмани, па гласање и дај Боже на прва да го одберет. Зш ќе морат да ја пратиме одлуката до НАТО, ЕУ, ЕК, ИСИС, Ал Каеда и на крај најбитните….ДУИ. Ако овие постигнет консензус “специјалниот“ се затрчвит да ја допородит дотичната. Е сега дај Боже да немат проблеми за овај период дур чекат да немат компликации, на пример да не и` збрцнат хемороиди зш ќе требит да се повторит процедура за “специјален хемороидџија“. Да.

Е сега зш преку Зајко да оргирам. Еми чоекот се врати во парламент и после толку пауза гарант сега во мозокон е полн со милијарда идеи за оправање на НСРМ, како карпуз со семки, така да очеквам да е нај влијателен. А плус то ионака дремеше како мисир со другарчињата, а подземвеше по 1000 – 1500 еври па сега ќе морат да стегнит г`с малку прекувремено да подработит да ги оправдат земените пари со броење на срамни влакна. Е сега ме здрви малку шо рече дека мојт пак да излезит. Ако се случит то еве јавно кажвам дека пред медиуми ќе се самоотепам. Или ќе скокнам од мадињана на Букефал или пак ќе се растркалам по шпанскине скали.

Зш морат така според законот. Еве професориве ако ради било која причина не се на работа пак ќе морат да си ги одржат часојте да ја оправдет платата. И да умрат ќе морат тие часој да се надоместет. Е сега дали директорот на училиштето ќе одредит “специјален професор“ или пак овај од ко ќе умрит ќе се вратит само ради часојте, па пак нека умрит, ќе видиме. Така си е во образованието.

Кај шо го спомнав образованието. Почна школската година. Тууу уба гледка. Децава дотерани ко за на вакцина, мајкиве напред турвет …..менато е сега…..не ко порано чаша вода. Сега турвет буре со вода зш со вакво образование ќе им требит Нијагара да ги истуркат до матура. Е сега на одење видов шо им турвеја ама не видов ко се врати со шо ги потурија.

Зш како шо ни се голем дел од школиве смрдосани никакви претпостављам дека ги имет потурено со доместос или некое друго средство за дезифенкција, дезинсекција и дератизација. Е сега олеснителна околност е шо највероватно, неможам да тврдам, дека како учебниците така и овие средства ќе се бесплатни. Абе терат образование напред.

Досега воведениот систем “Кембриџ“ даде фасцинантни резултати така да ова година се воведви и новиот систем…учење по “Столарско, водоводски, канализационо, бамбусов систем“. Нека не ве бунит ова бамбусов. Не е за децата. Бамбусот е за просветните работници зш до сега ниедна казна, контрола, омаловажвење не ги опамети да влегват точно на час. Сега со бамбусов….Абе сето то се програми од странство. Напредни.

Зато јас сум за то и дијаспората да гласат и да имет претставник во парламентот. Како прво и второ ќе станат пратеници со по 47 гласој, шо е извонредно процент во однос на то колку иселеници имаме, а од друга страна ќе ни ги пренесат своите знаења од нивните струки, како маталостругарско возвишение, како да се спроведит кокошкобричателниот и пилепакователниот систем за развој на НСРМ по патот на лидерскорегиналниот развој. Друго. Ако твој не те разберит па макар живеел и во Астралија кој друг? После, при своето излагање и решевање на проблемите во НСРМ ќе бидат објективни, а не како нас овде, домородциве, кој ептем сме субјективни и никако не мојме да гласаме нити предлози да даваме заради коматозната состојба шо ја имаме како резултат на чмаративните болки кои не фрлет во агонија, ни го матит умот, заради дупателната политика овие 30 години.

И најважно. Онаа огромна парична помош која ни јет сендет со просек негде на долар по чоек, оти ја ловет нивната Македонија ќе немат потреба да ја праќет по Вестерн Јунион, ами пратениците од дијаспората ќе ја вметнет во некој напрсток и ќе ни ја дојсет нас и нас ќе ни сан ис шајнинг и навечер.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив