“Коленичеееееев јас пред негооооооооо и со солзиииииии на очитееееееее“…….амори комшике солзи, солзи ами како, на Сашко му е…..аааааа извини. Само си пејш. Јас мислев ми кажвиш како се имаш вработено како судивка. Е де јасно де јасно. Извини.
Ама на татко ми никогаш немат да му речам извини шо ме се наљутив зш ме лажеше. Ми рече дека само со факултет мојш да се вработиш на убо место. Јас мислев дека само до кола се стигвит со лизинг и пушинг, не до вработвење. Мада како идат времево, мислам се модернизират, све почесто и операцијата тртинг помогвит во вработвење.
Малку се освежив денојве од ова бомбиве. Ми рекоа дека почнало да се спремат некоја нова верзија да се снимат на “Бајковизија“, емисија за дечиња. Мада и нас ќе не релаксират. Според сценариото ќе бидит сублимација на неколку дечки серии.
Наводно се работит за Џокица мали, на кој другарчината од малата не го игрет, посебно не го шишат Али Баба. За разбојниците да не прајме мубает. И сега ќе дојделе нови другарчиња преставници од селата ЕУ, ОБСЕ и НАТО и ќе му понуделе да слезит долу и да почнит да играт, а не само од пенџере да гледат како гревче и фрлен така како мрсул да само плачит детето.
Тој Џокица ти бил многу срамежлив и зш не го играле негојте скоро заборајл да зборвит па зато не сакал да излезит и да играт. Си седел дома си играл во дворот били, котката питката, џуздија, пипни стој, пучи гас и други друштвени игри ама ги играл сам како чкор зш не го оставал да играт надвор од дворот Али Баба. Сега дал е така незнам, ама така викет.
Мада во последно време имат нова верзија на бушава азбука. Научивме нови зборој како лигуш, педерче, плачко, глумец, забеган, глупак,….зборој кој највероватно требит да станат дел од нашиот стален вокабулар зш потеквет од еминентни оратори. Полека само. Ќе научиме. Епизода по епизода. Супер.
Абе ко ќе тргнит на радвење не да е супер, туку преоептемнајсупер е. Ете годинава се зголемил прометот во индустријата за 5.5 % во споредба со лани јануари генерално. Мене посебно ме радвит шо имало 3.8 % зголемено производство во “рударство и вадење камен“. Како ам. То е очигледно.
Прво и прво работиме како коњи, ако работиме, шо би се рекло како рудари, а наместо пари земаме камења. Камења камења. Кој ти ги дават. Ако не друго ко ќе ни дает некој поголем да си го врзиме за врат немат шанси да излезиме на површина. Полесно ќе се удајме заради благодетите шо ги имаме последниве 25 години. И во секој случај поарно камења отколку бомбине од Зајко….ни го расцвета газов од екплозии. Важно да се работит.
И се работит. Да не се работеше немаше пример во Охрид невработеноста да се зголемит за само 20-тина проценти. Од 4000 на 4800. Да не се работеше кизнајт колку ќе се зголемеше. Е сега зли јазици кои оговарају одма ќе речет зголемено е зголемено.
Да ама требит да се знајт дека зголемувањето на невработените во НСРМ имат тренд на опаѓање. Не буни се не бунисе. И јас дур не почнав да го слушам др. Латас мислев дека секое наголемување е зголемување, ама ова зголемување на невработениве имат трент на опаѓање. Како така? Па така фино. Оломнани се зголеми до 720 плус не вработени за сега да е намалено зголемувањато на 700 шо значит скоро 30 % намалено зголемување од лани. Како ам. Не само траскај.
Биди паметен. Како шо е паметен Тимотеј. Ене….пред Св.Софија ги збриша дрвата кој се стари можда и колку црквата и според него биле трули. По она шо го видов на сликите јас само Јарно е Трули шо возеше формула 1. Мада и црквата е стара незнам зш и нејзе не ја акнит в корен па нова да напрајт зш рече ќе посадел нови дрва. И така народов почна да го бркат од црквиве така да ….
Додуша онака ко шо беа дрвиштана ваљда му сметет на секој мерцедес да се паркират убо за да мојт народот да видит кај му одет парите.
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.