Еваааааа колку ми е мака, а и на Баба и е мака шо дури сега сфативме шо праеле Али Амети и командант Форина пред појќе од 20 години. Додуша Баба сфати прва. Ко шо плетеше ѕиври за вереникот и гледаше вести и текна. Ама пак да живејме во заблуда појќе од двајсет години, ко покојна Доста не вервев. Украина влегвит во ЕУ.

Е ајде ак требит и ние да почниме со војна та да станиме членка на ЕУ. Иначе вака без пукање „дамата“ не не` сакат, а истовремено и убав пример кажвит како се станвит член на најголемата измислена глупост до сега. Значи тогаш истата ова опајдура ги имаше пратено Амети и другарчината под велото на загрозеноста, пукаа во државава само и само да ја пикнат НСРСМ во ЕУ.

Ете права причина з`ш ќе го имаме овај технички премиер шо ќе го имаме. Мојт одма да ја завршит работата само да речит “ЧЕ ПУКАМ“ и да почнит да пукат. Кај се најде после то и Охридски договор и Пржинска влада. Све се смири. Абре како на Баба не и текна порано. Не ќе мораше име да мениме, не ќе мораше на бугарите да ги тинтраме. А и да ги инстинтраме до крај гарант ЕУ ќе ни дајт уште еден услов, да ја мениме местополжбата на пример. Мада не е проблем ние и то мојме да го напрајме. Послушни слепци сме ние.

Но, сепак ние не би биле Македонци ако уште не вервиме дека сме пред….не бре пред….на прагот, а појќе кун внатре, за влез во ЕУ. Од СДС рекоа дека како сега шо сме имале поддршка никогаш. Пред се беше спомнат германскиот Канцелар Олаф Шолц. Ние сме шибале напред по европскиот пат, Шолц стоел од позади нас и не поткрепвел. И то силно. И Меркел беше за нас и кој не не` поддржвит ама сиптоматична е една работа. Како бре сите стојат позади нас, а ние сите ојме на море.

Како шо ојт работава ќе морат да се закрпвиме од позади. А за то ќе ни требит јака медицина. Е дур сум овде кај медицинава министерот Меџити уште еднаш потврди дека и тука тераме напред вуспич прав прав пругоре. После нова година ќе се правел скрининг по европски теркој за рано откривање на канцер. Исто рече дека болниците во Штип и во Кичево ќе се доградет за шо е активирана банкарска гаранција. Фатмирчо рече и дека морат да се решит проблемот со вработените со договор на дело во здравството.

Исто така прокашља дека конечно е време и обвинителството да излезит со резултати со случајот “онкологија“. Една работа само ја заборај…дека морат и да најдит доктори з`ш за да лечет некого во реновирани болници, за да се прајт скрининг, за да имат сестрите на кого да му помогнет, морат да имат доктори. А Фатмире не е така? Ех пустиот. Да беше министер за здравство све ова шо е “морат да е“ ќе го претвореше во “е“. Ама и тој пустиот незнајт кај е.

Мада јас сум оптимиста. Све ќе бидит. Јаваш Јаваш. Покроце. Смирено само. Еве јас на пример ептем ладно ја примив изјавата на Анџела Агелер шо викет дека била амбасадорка пратена од наголемите светски демократи. Америне. Зборвејќи за малата Вања Анжелик се дрзна и рече дека системот во нашево јако државиште бил за нигде и зато дошло до то шо дошло. Според нејзините зборој вакви работи се случвеле само ради неказнивоста на криминалците. Е ја слушаш?

Кај виде таја криминалци во оазата на мирот? Пак неказнивост имало. Е кого да го казвиме бре ко немаме криминалци. Е ај да земиме да затвораме луѓе, за неколку убиства, крадење пари, местење тендери, рекетирање и други ситни прекршоци. Зато теткава нека не лупат. А бе ми идат да појдам иии …….Смирено.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите