Пред скриптум: Иронијата, сарказмот и критиката не се однесвет на вработените на долу спомнатите институции. Напротив за нив само пофалби.
Абре бабо облекви се спремај се не туку ми дрндај и батали то порничите. Ајде јас ќе догледам и ќе ти раскажам дал се зеле децата или не. Мрдни малку. Државава горит , а ти си се понашаш ко Мерко од Струга ко да те болит за све. Немој така мор бабо. Ам од кај знам бре бабо зш си на списокот на ДЗС? Ти заминви сега оди гаси јас денојве ќе му се јавам на Аднана Џафероски директорон и тој ќе ми кажит зш е така. Или на тој пред него. Тие морат да знает зш те клајле.
Види ја. Абре знам дека законски е до 55 години е сега тебе со 87 те клале те клале и морат да те мобилизирет. Ајде мрдни и остај то ѕиврите не ојш да спасвиш планинари во зима туку пожар да гасиш. Е как не дувало в планина. Абре какви јајници видија не се секирај тие одавна ти се исушени. Само мрмлаш нешто. Знам и за дедо знам. Ете чоекот е умрен, а е на списокот на ДЗС и шо да прајме.
Е то не е наш проблем. Нека ојт Аднан на гробишта нека го станит и нека го мобилизират. Јас не го стајв на список, а 20 години е умрен та јас да се мислам. Ајде мрдни свират со џипон. Ене ја гледам Дуфка постара од тебе е и влегвит во џипон. Ене ене види го Сандрета. Требит од него срам да те фатит. Си дојде со инвалидска количка до џипон и оп си влезе внатре и ќе си гасит.
Пак та. Ар как си немала никакво искуство со палење и гасење. Ти самата ми имаш кажвено ко си го видела дедо на ајван плажа, ко ги капел гојдата ко си му поминала затегната со прозирен мидер си му го запалила срцето, си ја разгорела љубовта ваша. Ам немој така. Е така де. Послем не само љубовта и срцето му го згасна и него го згасна со турските серии дур плачеше по Џеврие. Знам знам све ајде мрдни.
Не свири бре Перо еве ја се облеквит. Како? Аман мор бабо. Ќе ти платат ужувај. Ти не умре 40 години ти должат пари пак сега уште овај пат ак ојш да гасиш та ти платиле та не. Мораш да имаш надеж бре бабе. Кога и да е ќе дојт некој на власт шо мислит и шо го болит за народот. Е засега е така. Досега биле тие шо само ги болит за народот, а потака и ќе мислит.
Е ај и то ќе ти објаснам и аман тргви окапаја луѓено. Ене глеј и Љамбејца се качвит со си инфузија а ем постара од тебе е. Ам шо да прајт и та е на списокот на ДЗС. Ајаде ајде ќе ги прочистет и него како избирачкиов не се секирај.
Амор види сега. Како да ти кажам. Трскине ги палат некој ко тебе и дедо во времето ко сте се сексале на ајван плажа. Како викаше дедо: ебати сексот ако немаш поглед на езеро. Е така де беше така, а и сега е така.
Абре тргви не туку приопитви. Ќе ги фатет како не ќе ги фателе. Ама не ојт то така одма. Ќе виш…дур речиш оториноларингологија тие оп после една недела се на лице место и вршат истрага. Е како да излезат порано. Таму све црносано, загадено, кај ќе стапнет патичињата ќе ги исцрнат. После мојт да е случено баш та недела ко ќе сакет од крим и иснпекторите да излезат колегата да ја имат колата земено и чекет да му ја донесат. Зш една е та.
Па мојт да се десит да му ја донесат, а та да немат бензин, а на смена на бензиска да немаш некој другар кој мојт да ти дајт да туриш бензин на запишвење за службената кола од МВР. Е тогаш е зезнато. Дур дојт бончето за бензин од Скопје од централа ќе поминит некој ден.
Па ојш на увид и таман почвиш звррррр телефонот…му требит на друг колата. Па дур дојш пак на ред поминала една недела та дождот за то време избришал траги и од диносаурус, а не камоли од палачот. Зато не дрндај облекви се Перо ја искина свиркана уште ти фалиш.
Како? Е тука значит ич не си во право. Е како биле стари камионите од пожарникарите. Па сега брзо имаа донација еден Фап шо го возеја Пајо и Јаре. И самата знајш колку тие двајца ги чуваа камионите, посебно Јаре. И знајш дека Јаре никош не пијаше Пајо ко ќе возеше. Абре летат Фапот го имам видено јас. Чакмак. Само време требит дур ја најш курблата за да…
Шо викаш? Е аман кај најде сега. Ајде седи јас ќе му кажам: Перооооооо….о Пероооооооо. Шибај вози. Клај то протезата на десната нога, пали џипот и бегај. Баба нејдат. Е така. Еве се спремаше ама ѝ дојде менструација. Шо да прам. И само покрај дан те застанит полиција зш после 90 години не ти важит возачката. Ај создравје да ми ојте, а јас одам тампони на баба да и земам.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите