Вака да ми ти кажам. Една работа имам заклучено во моево битисување во ова наша златна НСРМ. Само молим те на кратко, дур ја спремет колана, зш Мицко викат да вртиме низ град да свириме, свадба санќим. Да бе.
Значи воопшто дикат не редиме колку јавниве личности, било кој, посебно политичариве се паметни, а то се гледат по изјавите. А само трапараме. Еве на пример Пере: Све тече све се менува ко шо рекол славниот Панта Реи. Е така разбрава јас за Пантета славен.
И ај сега. Ќе тераш бре Пере. Јака мисла. А кој ни е крив ние шо студиравме во Македонија, а не ко него во Холандија. А?
Пази сега. Друго. Најголемата мисла. На прашањето на новинар: Г-дине Мицкоски вие критикувате дека состојбата со ковид е критична, кревети нема, се нема стратегија, апарати нема, докторите грешат….но што вие би понудиле? Мицко: Па видете. Јасно е шо јас би понудил, а то а е дека состојбата со ковид е критична, кревети нема, се нема стратегија, апарати нема, докторите грешат… Ете Мицко даде решение ама ние не оту пазиме.
Е да бев таков да не пазев на изјавиве јас до ден денес немаше да знам дека дедо рикал плачел да се гушкат со Тодор Живков. Дедо мој ти бил толку близок шо со Тодора в уста си пљукале ама пусти Тито пустина да не фатит ги разделил. А убо си почнале, си излегвеле, почнале в слаткара на боза, па фашчање на кино, па дедо нему цвеќе , прслук за поклон, ова она, подома се договориле, па веридба ….Абе све како шо си носит редот. Дури ко шо сфатив јас од изјавата, Тодорче го прифатил и презимето од деда и таман матичарот ко рекол: ….или да ќутит цел живот…Маршалот го рекол она фамозното “НЕ“…
Ај шо разбрав дека така Тито ја расипал сватоштината туку сфатив заради шо се спомвит и кому му го рекол Тито то историското “НЕ“….на прадедо ми мој. Ко рснала прабаба да плачит, да рикат, коси да корнит. Еее ко ќе им текнит шо баба ќе имав. Не ко ова денешнава, аздисана, со мотори се возит, подвезици носит, пиво пиет, по плевни спиет….
Ете да виш шо ти е ако пазиш на изјави, ако внимателно читаш помеѓу редови и ги узнаваш големите мисли на јавните личности посебно на политичарите. Ако то го прајш многу работи ќе ти се појасни и ќе си нанаш како бајче и нормално ќе го осетиш убото во тебе. Еве пример се сеќавам на изјавата, на Банета, кој после толку години се јави- навистина се јави, во времето ко рече дека ни е убо ама покасно убото ќе го осетиме.
Јас незнам за тебе, ама еве јас го осеќам. Од Банета. Аку покасно. Ама го осеќам. И уште појќе сум среќен и од радост ко перунинка расцветан, од ко почнав да го осеќам од Банета, да видиш како почнав да им го осеќам на сите шо ми се редеа кој премиер кој претседател 30 години. Добив чувство за осет. Убајна.
Пази пак ова. Знајш каков пресврт ми напрај во мојот љубовно-сексуален живот една најнова изјава шо ја чув денојве ? Рече вака: Не сме многу далеку од договорот со Бугарија само требит да имаме воља, а ние ја имаме.
Абе ко сфатив, после 4-5 дена шо кажа чоеков, не камен, не стена, планина ми падна од срцево. Од тој ден сексуалниот живот ми рсна вуспич прав прав пругоре шо ми се чинит кај да е ќе ејакулирам. Знајш шо значит цел живот да јас да мислам дека немат да успеам кај Моника Белучи, да се секирам? А? Ко то јас сум ти бил на влакно до нејзе, а не сум знаел дека ќе успеам кај неа.
Просто ко грав. Јас ја имам вољата, а и силата ко шо велит Џоле. И еве сега ја чекам, спремен гол ко пиштол, наоштрен. Мада искрено 30 години сум гол ко лиот ама сега знам з`ш. Имам цел. Ко Македонија.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите