Абре какви казани какви бутури. Активирај то сите базени клавај греачи внатре нека почнит да се грејт. Ти си ненормален со казани да раниш милиони луѓе. Водата до кај е? Ар побрзај појачај то базените на 7-ка експресна. Не ме зезај тргнаа нашиве кун Русија. Како ам. Ќе чекаме ние НАТО да ја нападнел Русија, па тие нас да ни возврателе? Ар седи тука, то е плаши Петко децата.

Ак немат г`з НАТО ние не сме серковци ко нив. Абре удри одма, а не на штрек да сме ал ќе манит ОТАН ал не. Напасти непријатеља и изненадити га сплеште. Море ут еден тие појма немет со која држава, со колкава, голема, огромна, моќна шака луѓе се замервет. Кој е тој Шчербак нас да ни претит? Од која држава идат бре па така на нас алооооо….на држава, на народ со преку 25 години традиција, култура и историја.

А не. Немат нашиве да одет маскирани. Ојме вдирект со македонски знамиња зш и онака никој не не есапит за асални. Ќе мислет по килибар навјасвиме. Напротив ќе се патуват со авиони и то 4 авиони и то од најголемине авиони, со по 150-200 седишта, цела НСРМ-овска армија комплетно да ја соберит, овде ни чувар да не останит.

И слетвиме на Шеремтјево и да им влазиме в писка. Џанг. Една четвртина ја распределвиме на запад во Сочи. Бам. Фаќаме на кај исток распоредвење во Кабаровск. Жак. Северот со третата четвртина го окупираме директно од Норилск. Данк. Четвртата четврина в директ на југ. Танг во Уркутск и петтата четвртина на крај како завршен удар како галеби, со десант слетвит Кремаљ. Ѕинг.

И каде батее кадеее?? Ти на нас Шчербаку еден НСРМ легитимна мета за Русија ако НАТО ова, она, учк, овк.А? Абре јазик ќе си касниш за она шо го рече ќе молиш да ти се исприштит само да не го речеше то. Е од ко ќе ја средиме Русија ќе виш тогаш прво опаааааа НАТО ќе аплицират за прием во НСРМ, опааа после то ЕУ ќе барат претпредпреговори за претпреговори за преговори за во чекална за влез во НСРМ. Ајт шетајте. Нека ојт НАТО кај баба Ната зш кладе вето дека имате исто име, па преговарајте за името.

Вриет водата? Ок. Како? Не бре кај ќе ги носиме овде, таму ќе си седет тие, а територијата во прво време ќе е протекторат на НСРМ, а послем све ќе им вратиме само Москва ќе останит наша. Зш пресметавме и математички и физички и психички дека: триве езера плус базените шо ги имаме и неколку вештачки езера имет капацитет да наранет околу 11 милиони усти, шо е за милион појќе од жителите на Москва. Со грав де, со леќа, со проја, губи…..Како? Не бре и нашиве ги гладов во есап. Е така де останвит храна за милион уште, а јас сметам дека дур ја поробиме Русија пола наши ќе цркнат така да ќе дојме танте за кикирику.

Абре ќе успејме како не. Све си имат добро напраен план и договор, а то ти е темел при градење на држава. Еве ти де за пример. Сиве сме во паника појма немаме шо се дешават со имево наше при преговорите на Зајко со Ники з`ш не се договрија на кој јазик преговарат. Е зш. Зајко му рече: Кир Ники име менвам НЕ, устав менвам НЕ. И овај: Брафо Соки, факоф тебе сакам Соки, ние најде ресение, народ на нас малага“.

И после бадијала беше да се расправет дeк Соки НЕ го рекол на грчки шо значит ДА, а Ники се посра дека овај ….а Соки, а Ники…..Како ? Вриет? Е ко ќе зовриет ќе клајш пет зрна грав на 100 кубици вода. Не бре како појќе ојден еден. Ам ете на Алексеја му кладовте појќе од ова па плачевте дека ни пушти ветришча. Е ќе пуштит не ќе се стегат чоекот.

Ко ќе зовриет водата во држава….како? …гледам де дека поткркорвит, се спремат нешто, ама ко ќе е асли зовриено јави ми се зш јас морам да одам да се сретнам да ги спремам и да му дам инструкции на овие родителиве во Чаир шо штрајкувет дека не се продолжил договоров на една од негувателките. Пустите најавија дека денеска ак требело ќе ги донеселе и децата на протест за то. Е глеш. Одма еклатантен пример за неорганизираност и носење на лоши одлуки. Како Соки.

Не само децата од 2-3-4 години да ги вклучвите на протести ко шо ви рекоа од партијата. Абре сабајлево, ама рано, расштркајте се низ градот, киднапирајте бремени жени, дајте им провокации и ко ќе се породет враце сочекајте ги плодојте, кренети ги враце и одма да почнет да викет: “Грујо не терат да викаме вака, Грујо не терат да викаме вака.“ . Како ам!!!

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите