Абре аманте аман. Ништо не разбирате. И Баба плачеше. Ко слушна дека ќе кажет на Канал5 го дрецна моторот од земја и со трчање пред ТВ. Го сослуша Бориса шо кажа и исприште од плачење шо не го разбрала шо рекол. Дури и херпес и се напрај на долната буза шо и ја цицат вереникон. А чоекот убо си кажа онака како што стигнало кај нив и како шо му рекол уредникот. И не знам шо е на ти е јасно и тебе на Баба:
Еве ќе го цитирам Тнокоски: …поставена била индикација за краш интубација, настанал циркулаторен колапс и со постапка на кардиокомунална ресурсиситација е започната операцијата. И покрај постапките за русиститација (вториот пат вака го рече) сепак настанала општа срцева декомпензација….
И сега овде шо не е јасно. Море слушајме ваму. Негде околу 99% од гледачите на вестите се интернисти и кардиолози. И сега за тој посран 1% не се исплаќат некој во телвизијата да се трудит да го дешифрират ова на народски за сите да го разберат. А појќе се исплаќат да си платиш медицинско лице да гледат домати со тебе и све ќе ти е јасно. А за Баба ми е жал.
А искрено да ти кажам, покрај за Баба ми беше жал и за Аљи Амети и ДУИ. Леле на гласањето за доверба ако паднејааааа…..недај Боже. Аууу не можам да замислам командант Вентили, Форина и другите другарчиња пак да одат в планина. Поготово шо е зима. Ќе измрзнат сиротите. Аџиба имет волнени чорапи? Ќе морав да ја терам Баба да им пљетит.
Ај то па пак влечкај на рамо пушки, каљаши, топој тенкој. Брррр не можам да си ја враќам сликата од времето ко беа угнетени. И замисли колку не фер ќе беше…..после 20 години на власт и пак да се вратиш во угнетените. Скраја да е.
Мада и за Мицалета ми беше жал. Се равчали пустиот. Се распара. И не и не. А ептем се трудеше. Ептем. Страв ми беше од толку труд шо се не мојт да испаднит. Можда и ќе го родеше тој едниот шо фалеше. Пусти еден ама вреден.
Ко шо почнав со жалење да кажам дека и за Зајко ми е жал. Кај да е ќе требит за нешто да се гласат со 61. И нему ко да му фалит еден. Ај да видиме дал тој ќе испаднит поплоден политичар да онадит еден. Мада и то не е гаранција. Ко шо испадна ете Мицале не роди, а од после видовме дека Зајко го онади.
Абре то ти е животов. Ако ти Бориса не го разбра горе со објаснениено јас пример не ги разбирам ни политичирави кој кого оплодвит. Кој е родител еден кој два. Страшна работа. И пак како жалит Македонец ќе речам и друго. Ми е жал за народецов наш. Политичариве не онадат, а македончево се породвит, прајт мекици, чекат гости, па крштевки….
И на крајот наместо на политичариве да им бараме алиментација ние излегвиме на гласање и им даваме амин да не онадат уште еден мандат. Па пак мекици, па пак….
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите