Лелеееееееее луѓееееее. Незнаев дека сум јапанац. Мислам,  знаев дека сум, ама немав потврда. Официјална. Зш со Цветанчено еехееехеее од кога се викаме јапанци. Ама ете дури сега Аце ни напрај темане и за нас јапанциве да имат нешто во градов. Цреши. Некоја наша традиција да се воведит. Не оту досега не упражњавав нешто од нашата, јапанска, традиција, ама сега бре брате е подруго. Слободно. Без устручавање. Јас од кога си прам харикири….пример…Ама не беше некако со ќејф. Е ова е друго сега. Ко ќе си го акнам ножот ќе имам подруг филинг. Значи се озваничи и нашето традиционално јапонско живеење.

Е од почетокот  не ми беше  баш јасно зш се посадија баш јапонски цреши. Малку прошетав низ нашата, јапонска, култура и најдов дека кажвит поџомити некош то била одлика на големите страшни шогуни. Бинго. Аце се осеќат како шогун. Пооооо замисли…Аце Шогун. Е немат појќе на вести…“ градоначалникот на Охрид Аце Пе…“, јок. Од сега ќе е “…охридксиот шогун Ацемура  изјави за нашиот….“. А? Па да ти кажам и е.

Убо де. Шогун шогун. Само незнам дал и тој засади. А многу е битно то. Зш во нашата, моја и од Цветанчено,  јапанска, традиција, кажвит дека секој шо посадил јапонска цреша истата е многу поврзана со животот  на тој шо ја посадил. Демек тој живејт колку шо живејт посадената му цреша. Шо ќе доживејт цреша ќе доживејт и тој. Црешата и тој исто се. И сега тука мојт да дојт до проблематики големи. Ќе поминит некој, мојт да скршит гранка и сега шо? Ојде раката од Ацета? Страшно. Ај то и така и така. Ама ак се најдит пак некој пес ката месечина да и се мочат во коренот?А? Не е баш пријатно некој на Ацета да му се ….. Како и да е јас сум посран од радост со црешиве и готово,  се менвам во имево. Ќе менам и држављанство. Од денес сум Џимокита ….. Да бе.

Додуша малку јанѕа ме јадеше зш ги исекоја липине. Арно ама излегоа експертите од локална и ни објаснаја. Пред се ќе изнапрајме џомлезе и ќе се изнагрејме. Ко ти викам. Пак зш да не напрајме и огради шо плачат. Пример. Ама најбитно е шо ни ги заштитија животите.  

Зато моравме да се спасиме од липите, а истовремено ние јапнациве искористивме. Да. Се спасивме од липите на Димитар Влахов. Проклети биле пусти липи, да би се откостиле. Море оган да ги горит.  Умна одлука на тимот на оксперти од локалнава во Охрид. Рака на нога  секогаш носат вистински одлуки. Да бе. А липишчава знајш колку беа опасни по животот на сите? Џубаџуба опасни. И не само за охриѓани. Целата македонска нација. Зато овај потег не е само од корист на охридската општина ами и пошироко. Од интерес на цела независна, самостална Република Македонија. Пак најсетне ако централна власт не соработвит со Ацемура глеш тој како соработвит со нив? Виде?

А беа опасни од многу причини. И то сите причини, за сечење, беа оправдани од биолошко-морфолошка-фитоценолошка-раноградинарска-сообраќајно-здравстено-мочателна  причина. Пример…си врвиш вака и ко ќе ти напраеја “ бууууууууууууу“. Од никаде. Ко ти викам. Зш то е многу специфично. Произведените звукателни  вибрации преку ушите се пренесвет до носот. Тој добиват дувателни нагони, се мрсулајт и прајте ветар. Е сега заради неговата надолна положба ветрот се насочвит кун оние топкине, да не велам апла де, оние шо се ко од букефала топкине и тие се разладвет,  се прает котка или бешиката корка ако е женско  и резултатот е континуирана мочателна активност.  И кишка во гашчите. Топило. Знам јас по Бибе. Така и е на Бибе  ко ќе и прам јас на скајп бу. Се подпомочвит.

Е сега втората причина беа шо тие биле трули и можеле да паднат и да отепет некого. Јас рака на нога не видов такво стебло ко го праеја масакрот ама не ни можев да видам зш мојве очи се обични. Не се ренгенолошко-ласерско-гатачки очи  како на експертине од локална. Тие ај  шо можат да гледет во длабочината на стеблана  туку и знает какви ќе се за 20, 30 и многу појќе години.

Абе ко ти викам издржани се сите причини. Ко бебе издржано за мочање. А нај издржана е она од Шулета. Кога и да поминеше чоекот идаше дома исприштен од алергија ко со коприва Мира да го имат плескано. Да бе. Нафрлен нафрлен шо да ти кажам. После, ко ќе поминеше, овие, липине, ко ќе му напраеа БУ,  се вртеше наеднаш и енего на сега. Се фати во вратон пак мораше до Мислешо да акат да се потсредит. Плус то налето од сонцено ко ќе плачеа липине, овај, Шуле, ко шо го дал господ емотивен, кога и да поминеше, плачи мрсулај се, липај, липај, липај…..Е сега немат липи немат липање.

ЏИМИ
[email protected]


*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.