Охрид има две легенди. Едната е за Билјана – девојката која заборавила да ја затвори водата и таа течела, течела и настанало езерото. Според неа се именувани изворите на брегот на Охридското езеро – Билјанини извори и поширокиот регион, спортско рекреативниот центар, како и угостителскот објект (кој за жал е сеуште импровизиран).- Името БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ исфиловано со безвременската народна песна Билјана платно белеше стана бренд за Охрид. Нема гостин од другите краеви на земјата, а и од соседните земји да не посака да го посети овој локалитет. Има сознанија дека во старите времиња изворите имале белег на светилиште. Млади брачни парови доаѓале дури и од Варна и Пловдив да се помолат за среќа во бракот. Нема охриѓанец кој ќе најде на овој простор, а да не почувствува духовен спокој и носталгија по старото, што генерации во амеанет ни го оставија. А ние како упорно да сакаме нештата да ги упропастиме иако декларативно се залагаме за зачувување на традиционалните вредности. Често Билјанините извори ги нарекуваме Студенчишта. Од кога датира овој назив не се знае, а сигурно произлегува од студената вода на изворите. Како и да е така се наречени само од охриѓани. За секој од надвор тие се Билјанини извори. Неодамна на спортскиот рекреативен центар му го променија името и повеќе официјално не се викат Билјанини извори. Не е чудно да дојде некој нов газда на угостителскиот објект и да му стави некое модерно име од типот на Куба либре, Ла Виста, Дон Вито и сл. Вака како што стојат работите Охриѓани и тоа ќе го прифатат. Тоа укажува дека на охриѓани не им значи ништо овој бренд. Како инаку би прифатиле на овој локалитет урбанистите да зацртаат хотели и згради.
Другата легенда е Атина.- првата девојка која го преплива езерото. Охридската хероина која го преплива и Ла Манш и Охрид го стави на страниците на спортските списанија во сите земји на светот. Потресна беше нејзината исповед непосредно пред нејзината смрт кога зборуваше за својот живот. Уште по потресна беше веста за нејзината ненадејна смрт. Во тие мигови немаше охриѓанец кој не посака да се овековечи нејзиното име и да му даде белег на охридска легенда. Таква иницијатива покренаа и охридските власти и се јавија со неколку предлози. Но кога одлучија направија глупост. Името на спортско рекреативниот центар Билјанини извори го сменија со Атина Бојаџи. Дали со тоа градот и се оддолжи на Атина Бојаџи или и се направи уште една неправда? И го ставија името на спортско рекреативниот центар, а тоа егзистира само официјално зошто никој не изговара Атина Бојаџи туку и натаму останува Билјанини извори. Кога читаме Атина Бојаџи во потсвеста мислиме на Билјанини извори. Неофицјилно и во суштина тоа име и натаму останува Билјанини извори. Духот на Билјана пулсира и не го дава своето име. Испадна како само формално да му се оддаде почит.
Ќе беше попаметно пливачкиот базен што се планира да се изгради да се именува Атина Бојаџи. Колку подобро би звучело: ПЛИВАЧКИОТ БАЗЕН АТИНА БОЈАЏИ НА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНОТ ЦЕНТАР БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ВО ОХРИД. Редно е овој спорт повторно да заживее во Охрид зошто може да се случи пливачи од другите градови во Македонија да се подготвуваат за Охридкиот маратон. Ќе и се оддолжиме ако се изгради пливачки базен што достојно ќе го носи нејзиното име и кој ќе овозможи да заживее овој спорт. Кога ќе се јават нови пливачи со кои Охрид ќе се гордее на Охридскиот маратон.
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.