“Ало МЕЛЕМ? Абре каков ЕЛЕМ вие сте прав мелем за душата за потрошачите на струја. Све прајте за нас. Тука да прашав нешто за ова проствењево на долгојве….како? А во ЕВН да се јавам. Тук дај вратете ми ги парите за последниве 73 години шо плаќав и клајтеме…..аман бре пак и ти. Кај 200 000 граѓани таму и 200 001. Не така? Ам напиши шо сакаш, дек сум глуп шо сум плаќал, дек сум рушен во глава шо обврски редовно ги исполнвам према државава, дек сум од Арачиново….ар шо било пиши ионака сум ајван“.
Средив и ова тук друго ми е маката. Незнаев како да ја почнам колумнава денес. Си почнав нормално да ви посакам на сите Добар ден, арно ама дојдоја тројца комшии албанци и тргнав да ви посакам Mirëdita зш тие бие тројца, а ние дома двајца и беа вечина и така. Таман напишав М ко то едниот ојде вклозет да какат и сега незнаев шо да прам. Два на два. И сега?
Мада искрено дал Mirëdita или Добар ден само нека е за арно ваљда некако ќе се разбервиме со албанциве. Ќе го прашам Komandanti Forinа. Тој како чистокрвен Албанец е задолжен за сите македонски проблеми уште од 2001 година. А и да не се разбериме со албанците не е некоја штета зш еве не на олкај арслани сме 30 години, а Македонец со Македонец немојме да се разбериме.
Еве јас например го рзбрав раководителот на Македонија Пат, Сарџовски, кој јасно и гласно кажа кој е крив за снегот, а аку е Македонец. Ние како возачи ја сјебавме работата шо патот беше полн со снег на сите правци во НССРСМ дури и на север од државата. Па престанете бе луѓе да купвите коли шо наместо чад од асупих фрлет снег. Немојте низ џамојте наместо ѓубре да фрлате снежни топки. Ко ќе застаните Стража ојте мочајте в клозет, а не на патон зш мочате снег. Па со нас неразбрани возачи и кварцни да клает под асфалтон бадијала зш ја фрлате ваша мочателна течна материја по патиштана и та се прајт снег. Страшно.
Ама пак не го разбрав онега од ОК ВМРО – ДПМНЕ од Охрид. Не сфатив чоекон дал зборвеше за АНЕСТЕЗИЈА или АМНЕЗИЈА. Нешто не било во ред со болниците во Охрид. Искрено го снимав и го пуштив 16 пати како клипчињана од Карлеуша ама јок. Не разбрав. А да се разбериме едно…состојбата не само со болницава во Охрид туку со сите болници не дека не е во ред туку е во неред. Шуќур шо имаме персонал како онај на хирургија во Струга та да не спасвет и од смрт да не враќет.
Ама пак не ми стана јасно. Анестезија или Амнезија. Ак е за анестезија мислам дека ќе се најт чаре. Ама со амнезијата е заебана работа. Пример ак те фатит ова второво ќе лупаш ко Максим по дивизија на пресој, а не ќе ти текнит дека баш твојте другарчиња го разрушија здравствово зш појќе од една деценија беа на влас(т). Не ќе ти текнит дека на каратистон шо е момак за све, битно му беше да немат буба шваби и сестрите да не пушет на работа, а то шо имаше царски услови за живеење на бубашвите и сеуште имат, му беше преку стојка. Со амнезијата ќе лупаш како не чинит болницата во Охрид, а не ти теквит дека твој директор ја градеше 22 години, а охридските жени раѓаа стружанчиња. Абе ти викам јас полоша работа е амнезијата од анестезијата. Со амнезијата траскаш зелени, некој шо ти ги напишал, мозокот ојт на OFF и незнајш дека си кловн.
И друг пример за амнезија. Некој заборај која е Ивона и на “Вечер“ им даде субвенции. Ама пак од друга страна шо да прајт момичето ко носит гашчина шо се мали, не трает долго и се скапи. А? Плус та едно време толку многу се просераваше. Не постојт машина шо мојт то нешто да го исперит. Јас поднесов и амандман и на Мирка да и се дает субвенции како на Ивона, ама ме плесна та пуста амнезија та заборајв дека та носит ѕиври.
Ќе пишев уште ама овде морам да прекинам. Сакам да го гледам Колета од Пешта се обраќат. Онака како шо му личит ко шо се обраќаше ко премиер за Нова Година, за Велигден, за Бајрам…..е сега на 2.2. се обраќат. Можда пак и до сега е обратен. Не знам.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите