Ииииииии сликаааа. Тодоров и Тодоровиќ. Танго и Кеш. Курт Расел и Силвестер Сталоне. Коскана и Трскана. Метла бе. Се исчисти све. Алал да му е. Абре за то е министер. За лисјата и ѓубрето. Немат шо тој да се залагат за бесплатни лекој и поевтини и достапни цитостатици. Ами за чист паркинг. Како ам. Имат бре да се чистит или чаре. Море алал да му е. Ете и рече за докторите ќе ја кренит платата. За цели 5 %. И со зборој, огромни пет проценти. Морееее убајна. Ова е држава. Ги следит светските чекори. Бензинот 147 пати нагоре по 5 % и опааааа..платата само на д-рите нагоре за исто толкав процент. Јас незнам за кој онаков ни го остаја кубурот во налседство. Кај нас никош немат да дојт ситуација “не дај Боже“.

Све си се решават чекор по чекор. Наназад. Еве сега актуелно е пак и легализација на проституцијата. Бинго. Одавна сакав ова да се средит. Конечно ќе бидиме права западно-европска држава. Башка то, туку и за народот неколку кратно е корисно ова. Све ќе си е законски и напучено на тацна. Како ам. Не ко сега онаму во темницине кај МРТВ. Ќе си постоет регуларни законски дуќани. Све транспаретно. Си влегвиш во онадилница и на излог си бираш каква сакаш. З`ш во темцинине мојш да одбериш некоја со таков. Зш не се гледат.

Све ќе си е уредено со закон. Закон за легално проституишење. А со законот и крај на маките наши. Немат појќе кој како ќе стигнит да го пучит народецов наш. Крај. Све то со закон ќе си е регулирано. Да бе. И каде и кога и како. И не само то. Ќе ти платит бре. Пак најсетне, баба на дедо појќе без пари не му дават, не јас на некој ни чуен ни виден.   Готово, јас веќе го фрлив кубурот од дедо шо ми го остај за недајбоже. Аку беше нов, неупотребен. Не ми требит појќе. Види.

Овај закон од појќе аспекти е корисен. Прво со овој закон ние сме заштитени како личности и на површина ќе бликнит културниот однос од политичарине према народов. З’ш немат појќе некој нас: ” Еј, ај напучи се јас сум власт”. И бам беспари. Чао бате. Туку си пишит во законот дека морат да ти речит, и то културно: “Ќе те испопрезамолам, ако можит ( пази – ако можит а не… ) да ми дајш сексуална услуга за одреден паричен надомест или за други материјални добра? “Појќе добра од ова амин. Да бе. Така ќе си пишит во законот.

Автоматски од горе изнесеново, покрај начинот на побарувањето се регулират и економската смисла на односите. З’ш сега, според законот, онај шо ќе го онадит македонскиот народ е обврзан да платит, а ти сам си бираш. Сакаш му земвиш сто денари, сакаш за кифла, сакаш (поготово ако ти е близок или ако си гласал за него ) го частиш. Ами како. Готово е баче со то некој за нас да одлучвит. Све земаме во свој раце. Народот. Све. На то законот ти дават право.  

Друго. Новиот закон не те обврзвит ти некому да му се извинвиш дека си му свртен со плештите. Тој нека си бркат работа, а ти бе чоек како сакаш ќе си свртен. Сакам го осеќам, сакам не. Сакам му посветвам внимание, му искажвам емоции, а ако сакам решавам крстословка. Тој нека си бркат работа. Не му се мешам. А не ко досега: “Извините вака шо сум…” Шо да е нешто.   После. Овај закон ќе донесит политичка релаксираност во државава. З’ш? Абре си ојш на гласање и ич не е битно за кого ќе заокружиш. Растеретено. Ако сакам  гласам со една рака, сакам без раце, како сакам. Ќор да сум не грешам.  Шо е битно кој ќе е на власт, шо е битно кој ќе не онадит во говорите шо ќе ги држет, пред да победет и после победата,  ко ние ќе се вошкосаме од пари. Да. Кој и да е. З’ш сите, ко порано пак ќе не….. ама овај пат бре срце ќе платат и то за све досега.  А пази. Ко ќе дојме до ситуација да не е битно кој не….. тогаш ќе ги снемат партиите и ќе престаниме да си ги копаме очите, ами целата енергија ќе ја насочиме шо помалку болни да се односите помеѓу давачите на услугите – народот и  побарувачите -политичарите.

И ова…. она шо за мене е најбитно, со овој закон се регулират најбитното за нас. Плукни му се и на пари и на ќејф ако немаш достоинство. Ако не те поштовет. Не да ти плаќет. Не вазелин да употребвет, бадијала е. З’ш ќе си никој и ништо. Е сега со легализација на проституцијата  ела нека се осудит на кого ќе му прднит на Македончето да го вреѓат,  да му велит дека е: штука, дајгаз, радодајка, камењарка, мета, двоцевка  и други навредливи зборој. Конечно со овој закон Македонецот и званично, дури и меѓународно признат станвит работник дефиниран како: …”лице кое се занимават со проституција”.  Или да го упростиме многу да не филозофираме, преведено на нашки и со еден збор кажано-проститутка.    

Кај шо ги спомнав двоцефкине погоре. Со легализација на сексуалните услиги и нивниот статус ќе се регулират. Еве на пример јас ќе се заложам и ќе формирам здружение на граѓани шо сакет љубов со друг граѓани. Легално све да си е. А за да си ги остварет својте права ќе си имат и име здружението, све легално. Се подумав како да го крстам и незнам зш ми дојде идеја да се викат…..„АНАЛГИН“. Не дека имат некое значење туку….

ЏИМИ
[email protected]

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.