Бев на “Бело Лето“. Отворањето на летната сезона во Охрид. Да бе баци. Многу модерно и авангардно. Да бе чојли. Феноменално. Прекрасно беше. Баш онака како шо му личит на еден град кој е центар на словенската писменост и култура во светот. Баш во духот на македонскиот Ерусалим.
Зш види…..ако не си запознает….хаус музиката потеквит од Ерусалим. Првите диџеи се родени на то поднебје и се прославиле со хаус музиката. Јас се сеќавам ко мал ко идев од градинка на сите позначајни места како шо се некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии во градот: Ерусалимски храм заедно со Ѕидот на плачот за евреите, Светиот Гроб за христијаните и џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса на муслиманите седеше по еден диџеј со пена на устата како овај во Охрид и шибаше хаус музика. Посебно на зидот на плачот.
Јас поминав преубо. Каменот во десниот бубрег ми го напраја песок, дома го измочав, а песокот во бешиката тука одма го измочав под маса. Друга добивка од прекрасната хаус музика е шо еве понеделник е , а децава ми барет пари а јас топ глув сум и не ги ни слушам. Богами.
А се воодушевија и странците. Сите петмина. Ко му ја летнаа со среќа и радост да игрет према чинарон, скроз на друга страна никој не мојше да ги застанит. Ќе си кажеа то шо имаа Кичево кај шо не добираше музиката од распенавениот диџеј и опааа пак назад. А и диџејов курназ да си ебит глата. А приметеше дека некој подолго стојт на плоштад, одма од обичен хаус, менвеше, на хаус –метал-хамер-наковална-хард-вбубрегданг-рок и хард кор, санќим слушаш религиски оргуљи со црковен хор. Алал да му е на организаторот. На туристиве шо имет просечно по 73 години им ја покажавме македонската хаусно-хард-кор традиција. Топ.
Как да е “Бело лето“ се оддржа и би и помина. Но дал ни се заканвит манифестацијата “Црни деној“. Излегоа и ОБСЕ и НАТО и ЕУ и рекоа дека протестите се право на секој народ во секоја демократска држава како шо е НСРМ нашава. Ама пусти овие ајнштајновци кои цел свет го средвет не кажаа дали се одредени причините под кои можат да се држат протести. Или пак постојт некоја клаузула под која ак ми се прднит или ак не сум задоволен ајде шибам на протести.
Овај на пример шо денојве беше во Скопје е оправдан. Беа изречени пет доживотни казни за случајот “Монструм“ кој беше пред две години кај Смилковско езеро. Причина поголема амин. То е трагедија, шо пет души ќе си отсвират цел живот зад решетки. Трагично за тие момчиња. Причина на место.
Зш искрено, рака на нога, то е потрагично од то шо свирепо убиле пет младичи дур овие си ловеле риби. Нивното лежење в затвор е потрагично од гасење на пет млади животи. Ам како. Од затворање на пет ( појќе се ) семејства зад “решетките“ на психичкото здравје. Многу многу по трагично од болката на пет мајки кои доживотно немат да ги пречекет на портата својте деца и никогаш појќе немат да ги прашет шо да им напрает за ручек, немат да се израдват со внучиња, немат да станат баби……
Како и да е доживотната робија е премногу препоептемнајголема во споредба од то шо родителите и роднините на убиените се доживотни зомби, цвеќиња овенати и шо не живеат ами вегетирет само заради спомените према својте најмили кои не го имаа пречекорено ни првиот праг на штотуку започнатиот живот.
А да се разбериме. Величетврток случајно се трефнал кои ете овие пет шо ќе чмает цел живот затвор нашле сигурно некоја јака причина за да изрешетет пет мили невини души. Гарант пукателиве така си се шетале за рака кога четвотицата убиени безобразно фрлајќи ги јадиците во езерото фијукнувале со страшен звук кој ги вознемирил убијциве. Кизнајт колку децибели бил тој звук, така шо на пиштолџииве ги болеле ушиве та морале крвнички да убијат прво четири деца, па и петтиот зш гледал и не им рекол полека да фрлет. Јас искрено и се чудам како не им текна на адвокатите на убијците да ја темелат одбраната на основа “самоодбрана“.
Луѓе морам да кажам дека доста мие. Ама навистина доста мие од глупи незадоволства на албанците. За све шо не им се ојт по газот одма на улица одма нереди, одма “че пукам“. Ама доста еднуш веќе. Да нагласам. Не генерализирам за сите албанци. И да кажам. Имам пријатели и другари албанци какви шо секој мојт да посакат. Ми сметет затупените и со националност наполнати албанци исто како шо ми сметет и таквите македонци. Дајте да го исчистиме коровот на омразата и да ви кажам едно. Вака ревносно сите заедно да протестираме против, 33.33 % за моќност, за повисоките цени на све и сешто, против криминалот во високите политички и функционерски редој, нашата НСРМ навистина ќе беше оаза. Е дотогаш ќе бидит не слепо црево на балканот, ами хемороид на последниот чмар на светот.
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.