Море луѓе од мал сум имал страшна аудиција шо во иднина ќе се случит. Пред време сум знаел шо ќе посериме. Санќим баба Ванѓа сум. Уште пред неколку месеци седам во Ројал Вју со Алек и Маленко мезам брускети…..лажам….не мезам….туку за 120 денари се препукав од јадење….и им велам на двајцава дека ќе се отворит албански мобилен оператор. И се кладевме. Со двајцата. Алек ми вети ако изгубит дека ќе ме манит во спа центарот во Ројал Вју колку сакам, а Маленко вети чорба со лебче печено кај нив. И добив. И не само шо добив ами се препукав од јадење и ај шо јадев, во спато ослабев 10 кила за 2 сати….ко ти викам. Ами ко не вервеа дека Албафон ќе прорабит шо да им прам.
Е сега јас ќе барам да се отворит охридски мобилен оператор. ОхридФон. Не бре. Не се зезам. Ак те лажам да дајт Гопод да макам праз како Хорхе на празијадата. Да бре ќе си барам. И еве на почеток ќе помогнам како све да бидит на охридски, зш на албафон све е на шип….на албански ко ќе се јавиш. Значи сакам да се префрлам на ОхридФон. Како ам. И имат да ојт вака:
• Го добивте ОхридФон…времето на чекање е подолго од 20 минути дур нашиве оператори ги сместат скопјанишчава.
• Овде операторка Маца , шо сакаш бре шо звониш ова време ко требит да им прам кафе на овие гостишчава….ќе морам во неизмиен филџан да им бабнам жешка вода на талогот од вчера.
• Се изивнувам…ме интересират…
• Немат тебе шо да интересираат, мојш само да прашаш крап еден
• Еве прашвам….зш јас не играв на играта, а ми го напикавте со 2000 денари на сметка?А?
• Бате….извини вака нејќам да ти речам ама ќе ти го плеснам в очи….прво то кај нас не беше. Беше во Волој И Педери, да не речам ВИП, друго…ак имаш гости да ми пратиш шо не им требит бојлер кажи, ако не ајт оди зш морам да извам црнилово од под ноктиве да не ме видат ко ќе им носам кафево. Зш она скопјанкана фаќат мана на све, дури и на то шо немало шоља во нужников кој е зад куќа, , во нашиов екслузивен апартман. Неможела да мочат со клекната, санќим нејзинана мочат нафта….друго?
Сепак во Албафон ќе се префрлам.
А и зш да не. Ете Беким Фазлиу рече дека и ние како македонци морат да разбираме албански. Ам како. Не е ова шала. Чоекот си кажа дека сакат на собраниските седници македонците, ние, копуците, требит да ги слушаме говорите, на под дифолт загрозениот народ, изворно на албански. И то се ова Бекимчо го кажа дека морат да е вака зш се губела смислата со преводот. Можда пак Беким се мислит дека е Мики Рурк, па ако го преведиме она неговоно шуштење ќе се изгубит и ќе ја немат дражта на неговиот говор.
Как да е. Ние сме паметни и требит трезвено да размислиме и да не брзаме како граѓани на НСРМ и одма да им дајме на албанците она шо барет. Немојт то шо ќе побарет денес ние одма….тие А…ние НА…..да се напучиме утре. Нека поминит време де. Е задутре е нешто друго. Мојме да му го дозволиме то. Нормално како шо налагат македонската демократија, со консензуална одлука и вазелин.
Зш види како и да е највероватно, ќе имаме консензуален председател на новите избори. Некако во последниве деној ни се наметват двајца арслани…..Трифунчо Костовски и Али Амети. Двајцата рекоа дека ако е прифатливо ако со консензус се изберат и ќе прифатат не се лутат. Двајцата рекоа дека сакет да бидат председатели само ако сите страни се сложат и ќе бидат председатели на сите во НСРМ без разлика на националност, вера и глупост. Е сега Трифи појмат нема албански , капетан Али македонски, така да ќе морат да го избериме за председател Али Костоски. А?
Кај шо спомнав глупост. Ми текна. Нерви искинав, ми идеше сам да се јадам, од нервоза ми дојде да напрам фризура како Каргов. Богами. Абре ова ти зеле американциве ти напрајле анкета на своја рака, без да се советвет со нас и не прогласија за народ кој сме трети на табелата за глуп народ во светот. Арам да им е. Е да ти кажам ова ко го слушнав арно шо немаше микрофони пред мене иначе не со рака, туку со маја гери ќе ги манев, како каратиста, од нервоза. Пред нас ти биле турците, а на прво место србите. Како мојт турците да се пред нас ко 500 години ни го сардисвеа, а србите не ичоисвеа на презимето. И тие поглупи од нас??? Алоооооооооо….абре на кого ти му го земаш првото место?АА???!!! Си со сите или не???????????!!!!!!!!!!!!!!
Збеснав. Ќе пишев уште ама ми стигнаа 5 смс пораки морам да проверам……ваљда победив на Скопје Фест.
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.