Дај тој колот. Дај. Не тој. Тој е краток и тенок. Онај потака дебелион дај ми го. Абре дај ми го ко ти викам. Сакам да се самонаденам бре да се убијам алоооооо. Неможам да издржам. Ах мајко мори. Кај се најдов пред телевизор во тој момент. Оф леле. Исклучија машината мене приклучиме да изгорам од силата на ЕВН зш од секирација ми изгоре срцево, ми пукнаја градиве. Не. Та е двофазна. Дај кабелон од термоно. Приклучи ми го. Абре закачиме ко ти викам. В нос акни го да изгорам ко врабец на скара.
Море дај ми солна, дај да поручам некој акумулатор само макиве да си ги скратам. Ах како ме натажи. Три дијазепами, пет деметрини, чаша лексилиум….ништи не ме смирвеше. Четири дена плачев. Лиде ми даде 20 литри Прокулин ништо не помогна. Ах мори тетка Косара шо ми напрај, ах како ме натажи.
Е ова е патриот. Е Косара ја сакат Македонија сите други гомнари сме. Ах леле неможам да ја прежалам каква жртва е Косара, да би коса со витлери навиткала, да би на Барбара Стрејсенд заличила. А се сетив на неа, а рснав со солзи. И како рече ко кажа дека си ојт….рече……еве прснав пак…..рече дека нас….оф мори мајко моја…..рече дека нас ни ја остават државатаааааааааааа да ја чуваме.
Јас искрено, жими Алија мислев дека немат да ни ја остајт, дека ќе си ја зејт со си земјата в тегла шо му ја носела на маж је на гроб. Ах судбино пуста да би пуста останала. А ете морала пустата Косе во пуста туѓина во Немачка да се вратит зш таму гроб си имала купено, да се мачит од далеку да ја гледат НСРМ и гарант да рикат ко змев од плачење ко мене за неа. Ко мене ко рече дека камчиња од езероно му носела на гроб на мажот. Ахххх теткаааа Косарооооо срце ми искина, нос ми раздразна и очи кромид ми напрај.
Како не и` бав јас нејзин маж умрениот. Тииии како ќе се радвев ко ќе видев од гроб кај шо ми редит камчиња и земја. Оф мори мајко. Среќен е чоекон шо ја имат. А рече пустана дека би се вратила овде. Рече. Све би остајла во Немачка и сакат да дојт овде да живејт, да се мачит.
Ама ова мачење за неа ќе е песна во споредба со маката шо многу ко нејзе патриоти го имет во туѓината. Шо земвет само 5000 еври плата. И покрај никаквата плата пак знает да одделет и по 10 еври, некој 20 долари за да тргнит НСРМ вуспич прав прав пругоре. И со вакви патриоти ко ќе тргниме та нити рускион “Патриот“ немојт да не застанит.
Сакат ама немојт. Шо да прајт ко си купила гроб таму. Не ќе купвит и овде? Додуша не е проблем да купит ама како ќе легнит во два? Ах леле уште толку ме жегна. КОЈ….кој нејзе ќе и носит камчиња и земја? Оф мори мајко мила. Би дошла. Би живеела овде. Би се мачела. Ко лиот би шетала, со танга од 500 еври во ова пустелија..батали. Аманетот важно нејзин да го исполниме. Се насекирав.
Цела недела само се секирам. И табелата на земји со процент на невработеност во светот ме насекира. Како бре какоооооооо ние од 20 учесници да сме на ниското 15-то место???!!! Дозволивме во било која дисциплина, па и во невработеносда не сме лидери на светскиот регион, дозволивме едно пострано Џибути да набилдат 54 % невработени, а ние стојме како колој в кал само со 23 % невработени.
Како? Не ми е јасно како???!!! Абре пред нас се една Намибија еден ДР Конго. А пази….и на Конго ова му е второ име. Беше Заир. А и ние менвевме и кизнајт уште колку имиња ќе мениме.
Слушај. Морат судиине да не мрзет. Само то морат да е никако друго. Иначе како да го сватам нашиот низок пласман како реален. Како кога толку многу работевме на то 30 години. Кога толку многу фабрики затворивме, толку многу осиромашивме. Само УЈП колку приватници в ципа зеде ги акаше со 10-тина 20 000 еври. А крена некој гла,одма в теме. А некој се осмели и чекор напрај одма клизачи. И пак на 15- то место? Немат шанса. Баш ме интересират кој беа судиите.
И апелирам до сите бивши премиери, кои здушно работеја на ова проблематика….дајте бре луѓе ако требит не само за ваш рејтинг да нарачвите анкети, дајте мајку му стара и за ова нарачајте. Па толку се трудевте да ви се прднам во вас да ви се напрдам. Ар шо сум глуп и јас заби искршив од зборвење и објасвење. Че средим со Аљи. Че клајт на платформата. „Мenjëherë të telefononi zile për Aliut.“
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите