Де бре луѓе. Зш сте без коoрдинација, комуникација и само себе разбирање? Ами Тањето кажа дека младината заминвит од НСРМ зарди недостаток на духовната не возвратена љубов. Не ради немање кај да скокет со хулахоп или да скокет со ластик или да игрет котката питката. Сали ни требале 150? Ами ако е то решение одма го решаваме проблемот со депресијата на младите нсрм-овци. Ако е проблемот во издувавањето во сали не ни морат да ги прајме. Ќе му дајме на младината да извaет имотен лист од катастар и ќе се издувет.
Мада за во Лабушта го правдам проектот. Морат таму, како шо рекоа, по мултифункционалното игралиште, љабуништани да добијат и спортска сала. По оние испитувања шо се прает и преку национална географија и по сите скаути за успешност на спортските полиња, Љабуништа ти било пред сите во светот, дури и пред нас самите.
Познат е податокот дека Андре Агаси, Мигуел Естијарте (ватерпол), Дане Корица (атлетика) и сна му од сестра му, на зетот за прва бречеда, од сестраму на тетин му прв, зш се разведе со тетка му, на Новак Ѓоковиќ, потеквит од првата раскрсница крај кружниот тек на влезот на Струга, зш е виден дека вртит на кај Лабуништа. Градите браќа. Макар и да крадите. Вие градите. Нека се воспевет младите. А старите…ако имет струја во геријатрија.
Шо ми текна геријатрија? Ме потсети на медицина. А во медицината ќе се вложвеле 45 милиони денари за најсовремена опрема во здравството. Малееее…..Браво. Конечно. И уште еднуш конечнооо. Значи ќе се опрајме во здравствово. Ќе се подновиме. Се думав да викнам музика да славам ама не знаев шо ќе е то новото па реков да почекам. Мада ми ојт умот на нешто. Ние македонциве јес да сме распарани од секого ама не сме глупи. Не така?
Зш види….ако се работит за најсовремена опрема, во медицината, а знам шо ни требит нас, шо ни фалит одма е јасно во шо ќе вложит Брус Ли. Посовремено од то на пример, незнам јас, зато викам на пример, немат од то да имат во некој клозети и г`с папир. Ваљда ќе се набавет во некој болници и врати и опрема анти промајатична. Да се разбериме. Не дека наддавам ама пред некое време бев во интерно во Охрид да посетам еден пациент и вториот пат се опремив. Жими све.
Посебно ко ги видов докторките и сестрите дека слушалките наместо в уши ги имаа изврзано околу вратот како шал….Мада морам да кажам дека се посрав ко го видов пациентот. Мислев умрен е ама то му биле ладни рацете зш беше во една соба ни моја ни твоја. Најмалку моја. В ходник.
Ми олесна ко сfатив. Ќути си реков….не е умрен…..смрзнат е од причина шо болницава во Охрид, на интерно, (нагласвам во интерно – да не ми јат некој трици дека имало сегде греење ) немало греење. Уф. Во секој случај имат разлика помеѓу умрен и смрзнат во државна установа, која е болница, а според то е установа да се грижит за не умрените. Или исто е? Не знам.
И друго. Највероватно во тие 45 милиони денари за вложување во најсоврмена опрема во здравството, влегвит и шоља за мочање, славина за вода, чисти фуги без муфла на плочките, уф…па гумичка за славините на постојните чешми…..и друга нај современа опрема.
Тук дур сме кај болниве. Не знам шо ми текна, ама ете дур бев в клозет читав нешто вести од политиката, мада аполитичен сум јас, ама ете зш в клозет, незнам како налетав на изјава првиот демократ во светов, нормално после Обама, шок Али Амети. Чоеков мислам дека како секогаш лошо новинарите го интерпретирaa. Ко ти викам. Зш тие рекле дека тој рекол: ако немат избори на 24 – ти април можни се нередија.
Море новинари тиквари. Не пласирајте дезинформации. Чоекот многу јасно и гласно си кажа а не знам како вие не ја пренесовте вистината. На чоекот кој се залагат за мир во државава и за евроинтеграции пред све, заборајвте да му клајте пред она нередија, од наша страна, така да оригиналната изјава би била: ако немат избори на 24 – ти април можни се од наша страна нередија.
Ам така е море шок, команданти, балисти или било како сакаш ти да ти се обратиме. Односно ќе ти се обратиме онака како тој шо барат од нас да ти се обратиме, а тој е некој кој те викат во коалиција. И види шоку…..не ме прајт то мене нервозен, зш јасно ми е дека морат со тебе да се прајт коалиција. Ама едно ми е мака……како јас не бев во тие 78 000 луѓе кои ја напуштија државава за во странство да најдет духовен мир. Не пари. Духовен мир. Па да ви се прднам и на тебе и на тој шо те земвит во коалиција и на тој шо ќе те земит во коалиција. А матната кај е? Не за друго…да ве земит сите вас, ко вие шо не зедовте нас.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив