Бре бре бре. Шо се чудни овие Божјиве патишта. Не оти знајш кај почвит работава кај завршвит. Аууууу. А почна од пусти Клара и Роза, почна во 1910 година и то во Копенхаген, а замисли мојт да завршит 2016 и то во Струга, во школоно “Нико Нестор“. Да бе. Почна со Клара и Роза, а мојт да завршит со Меган. Меган Дин, заменик-конзул при Амбасадата на САД во Скопје. Абе шо мојт.
Морат…морат да завршит и то успешно чим некој се замешат од најдемократската Америка. Како ам. И еднаш нека завршит та пуста, да би пуста останал борба за права на жените и еднаквоста меѓу полојте. Не мислам овде на север и југ. Мислам машко-женско. Е сега не знам дал ти е познато…ружи им даваме на жениве ради Роза. И сега ќе требит да измислиме мегужи да даваме од година. Жими тебе. А мислам дека супер е шо Меганка ја одбрале зш баш та е меродавна за та тема. Прво, ко может да ни кажвет шо и кога да јајме, кога и колку да дишиме, з`ш пак за ова да не ни кажват. Второ, јас неам чуено по америкине женине да ги малтретирет. Одма ги убивет.
Значи се оддржа во градов кај шо татко е Селчо, Струга, презентација на тема “Значењето на меѓународниот Ден на жената“. Пак ова ден го пишале со големо Д. Санќим Америка ќе ја напаѓаме на 8-ми Март. Е таму Меган ги собра средношколките и ги учеше како да се изедначат со средношколците. Браво. Така требит. Зш и јас мислам дека на денешниве жени ептем им е важен овај Ден, само на него мислет, нит јадет ни пијат дур не дојт овај ден. Мада и ние мажите помагаме за значењето на овај Ден и придонесвиме за угодвењето на жените и внимаваме на тој Ден. Абе ак сакаш 364 дена викај дери се по неа, пљукај, прди низ дома, влегви со кондури калосани на тепих, мочај на, под, покрај шоља никако во неа, фрлај кај ќе стигниш гашчи жолтосани, ама на овај ден неееее….Не така?
И морат да сме рамноправни и исти сите. Да се сплотиме. Да не речам да не се познават кој е маж кој е жена и на тој Ден да не се знајт кој јајт кој плаќат. Кој пучит кој качит. За струја да немаме ама тој ден….Нејсе и јас сакам да придонесам за ова борба со некој мој предлози. Како прво….секоја жена да скинит по една цицка. Останатата да ја глајт на средина, скината да ја дајт на некој маж за и тој да ја клајт на средина. Да имаме сиве по една цицка. Исти.
На сметка на то ние киниме едно маде….истата процедура де. Од денс и така понеделник е мојме да почниме, во понеделник, среда и петок, сите мажи да мочет клекнати, а жените прдејќи да мочет станати и од ко ќе се измочет да го почешет донираното маде. Само дан заборает прфутот да го исичистет после то од кондурите. Имам уште многу предлози ама најбитно да се усогласит раѓањето. Да подродиме и ние маживе по некое дете. Абре ако требит да се равчалиме, како Триумфалнана. Само никако близнаци. З`ш незнам колку е точно, ама имам читано во некој слободни весници, дека машкото г`зно црево е потесно од женското. Само и ако само не е разработено. Как да е , луѓе мобилизирајте се да се изедначиме мажи – жени, да се сплотиме зш побитно од то немат на светот, ако не друго Розе и Кларичка да не се превртвет во гробојте.
Тук се сетив кај шо спомнав раѓање. Неколку другарчиња си преавме муабет ко ќе дојт до то како да одлучиме. Природно или со царски рез. Јас појќе сум за царски зш нејќам да ми се појавет стрии на г`зниве парки и страв ми е дан останам така раширен после пороѓај. Мада за мене и така и така. Ама некој мојт да останит без плата, без пари. А кај нас многу имат кој чмаративно привредвет, заработвет, фамилии ранет. Не така. После…кој ти дават пари за шлајпурка. Не така?
И се подуплашив да ти кажам. Абе шо се уплашив, се посрав. З`ш види. Не е проблем да го износам девет месеци. Не ме плашат ни киселините, ни лошењето, ни то шо ќе морам да пазам во сексот од 6-ти месец до пороѓај…..додуша малку ми идет грозно ко ќе ми текнит дек ќе ми пукнит водењакот, ама ај ќе им го напрам ќејфот на Роза и Клара. Абе све ќе напрам само да се изедначиме.
Е мене ме плашит друго. Абе све ќе истрпам. И ко ќе ме стегнат контракции и жена ми ко ќе ме носит со колата, па и нека пушит дур возит, нека пљукат низ пенџере, ак сакат по 4 пати нека ме вртит на кружнине со дрифтање, ќе се стегнам за карлица и за тенково црево да не ми слезит пред време плодот во дебелово од траскање по кратерине по улициве низ градов. Све можам да издржам.
Ете и ќе стигнам до болница. Туку братеееее мој личееееен? Шо ко ќе стигнам. ШООООО???? Ќе требит некој да ме породит? Кој? ААА? Кој. Имат таков во НСРМ наша? АААА? ИМАААТ? Зш кај нас опасноста по живот почвит тек ко ќе стигниш до болница. И ќе стигнам. И шо? Да си умрам?А? Е то е . Мада да ти кажам и да дојт до то си се тешам со една работа. И да окинам пак ќе можам да гласам. Дури и можда поарно да гласам така з`ш и да сакат некој не мојт да ми вршит притисок и ќе гласам за кого сакам јас. Ам така де.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив
.