Значи вака…… Më jepni një burek me mish….суперишка. Чек чек и ова …. Unë gjithashtu dua një kos….поооо бре Џими цар си си. Како бре шо прам? Ќе те видам ти шо ќе прајш ко ќе останиш гладен ко ќе се спроведит законот за двојазичност. Ко пес ќе виеш за јадење. А богами не ми се вишак неколку илјади евриќи.

Требит кредит да земам ак незнам албански. Е чек чек и ова е битно…. Sa për të hapur gazra si maqedonase….пооо цар сум. Аууу ова ќе го забораев…… Ftohtë vazelinë për të vënë në një gazo….е толку е . Основните работи си ги знам, да не останам гладен и газево да не ме пржит, другото полека здравје. Мајката….да сум ти кажел шо значит, ар седни учи си сам ко мене ак ти е мил животот. Ене ој на гугл преведи си и седни загреј го столот ебате беља.

Шо? Как да не и бугарски ќе сум учел немам друга работа шупел еден. Можда со албанциве се заебавме ама со бугариве си потпишавме декларација и си се заштитивме. Не сме ние глупандери ко шо не мислет пола свет. Јасно и гласно си кажвит декларацијата дека немат ние шо да учиме туѓ јазик, з`ш во сашност сме ти биле бугари со говорна мана.

Како ам. Е сега во државава имат еден куп логопеди ќе се ангажирет и ќе си ја средиме маната. Говорната. И точка. Па и историјата ќе си ја мениме. Ам како. Не ќе живејме во заблуда цел живот шо сме и кој сме. Скраја да е ко покојна Доста Димоска шо рече дека живеела во голема заблуда во комунизмот во кој се заблуди и тони пари лапаше, земаше кредити долгорочни и последните рати и` беа ко еден куртон да купила.

Мада та намерно не купвеше куртони и во право беше з`ш требит некој да те онадит за да користиш куробранки, а искаш да се крчориш, а да њамаш деца. Е ние како македонци требит нон стоп да си купвиме з`ш само не крчорат. Мада некогаш си прајме и авто крчорење ама ај кај не ошло.

Види една работа….за да живејш сложно та дома, та со комшите морат да најџвиш компромис. И то тој да е разумен. Компромисот. Немат шо. Е шо знам де шо е то де само знам дека некој великан го имат измислено.

Ам така де и дома мораш со компромиси иначе маф ти е работата. Пример….викам пример…тебе ти се сексат жена ти ја болит глата. Опаааа одма разумен компромис….и тебе те заболвит. Ам како. Да бе.

Зато мене не ми е јасно шо ѓаол Нанче креват џева, палардисвит за Али-Пашина Џамија? Ам и овде ќе ојме со компромис. Минарето ќе било 33 метри. Е аку де. На висината ќе гледаме од еколошко-заштитна гледна точка. Ние ќе го користиме за посматрање во летните деној како превентива од заштита од пожари.

И јас и Нанче ако требит ако е аџеле ќе влегвиме во џамијата. Е тогаш тие ќе напрает компромис, ќе не пуштет да влезиме ама вака: Нанче ќе ја слечит само десната патика, јас левата. Шо би дошло еден да влезит обуен, а еден бос. На обуениот нек му забранет да влезит ама имаме еден собуен ,а кој е нек го најдет тие. Не така?

И дан заборам да му речам на Нанчета да клајт лево црвена чорапа со црн орел, десно црвена со жолто сонце, зш јас ќе клам обратно. Абре луѓе без нервози, само компромисателно.

Зато бре браќа македонци ко ви викам јас учите албански, научете го ова : Ftohtë vazelinë për të vënë në një gazo….и свиркајте си.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите