11.04 2020 коронова год ….еваа ….Господова година. Се будам збунат и тажен. Прв пат во мојов краток короновски живот. Додуша знајте дека не сум таков, дека се церекам нон стоп, ама вака морам да пишам за да ми е интересна колумнава. Чек сега да продолжам да лажам.

Значи прво збунат. Отворaм очи и све ко нопаку да и е. Ко станав уште по нопаку. Лустерон под мене. Мајката. Да ме зеде коронава пред да ме тестирет? А од кај да фатам од кај да се инфицирам појма неам. Нити одам негде нити примам некој дома. Едино дома шо идат мама, тато и бато. Ама ги преземам сите безбедности мерки. Ги пречеквам во скафандер санќим инфектолог сум, само шо ќе стапнет в малион ходник ги прскам со средство со шприц од перална за коли. Го купив уште од почетокот.

После влегват во големион ходник кај шо имам монтирано четки и други тракатанци како секој кар-вош автоматски сервис. Ај шо ги мијат ами и ги слеквит. Од тука излегвет голи ко лиоти, влегвет во металостругарскиот оддел и си шлајферица им ја сметвам кожата. Ги пикам во хипер барична комора. Комората ја редам на 2 метра од мене си се популвиме си молчиме и ги испраќам.

Тaка обезбеден. Њама корона. Е од кадe? Газојте, чмаројте и онаквите на Мицка и Зајка нити сум им ги лижел нити пушалари ништо. Ете и тие се негативни. Мада Мицко по негативен. Ак ја најдовте АЛФА, а ак ја најте ТЕЛМА од Зајко е понегтивен. Абреее сега се сетив. Зато не се мирисет и не си потпрдвет еден на друг. Кај мојт минус со минус да се зближит? Значи коалиција тие двајца никош. А и ќе си се ко си го имет Али плусон. Ќе бират со кого ќе ојт и пак опаа на власт. Абе ко сме шупливи дај донесете некоја мерка не се протнит со овие кронскиве мерки, пролгасете го за Маршал Амети. И онака, нека ние здрав и жив та на нас та на вас ќе го сјебат другарот Тито. Од “че пукам“ тука ни е.

Да си продолжам. Значи заклучок: жив сум ама збунат. Е шо прајме со лустеров? На подов да е? Немат шанса. На подов, станат нагоре ко онакво од швалер шо ради карантинов не ја видел швалерката….немат шанса. Лустер е….немат нити мускули нити либидо.

Оп се сетив. Ме штрецат на вратов на секој чекор. Да беееее……одам на гла. Јас сум свртен однопаку. Абе се поднесвит ситуацијава со карантиниве ама еве и вакви работи се дешавет. Ам пак збунка. Еве и да одам на гла….ама како ми се предочи, еве ги гледам орлојве нокти од ноѕеве. Дан си напрајв рокада маде со гла? Хм. Ај ваљда до дневна ќе се наместит рубиковава. Ваљда не сум баксуз вака да останам ко тој во пештерата шо и скрши нога на индијанката, а ја издупи мечката?

Как да е јас добро се носам со изолацијава. Мада сабајлево една работа ми го матит умов. Дали денес е вчера? Или јас пак станав утре. Ам ак е утре не можам да сум станат. Утре уште не е дојдено. Како вчера ќе е утре ко беше денес, а утрето е веќе поминато зш беше вчера. Ако е све вака ми да ми фалит денес. Кога ќе е? Збунка мала. Ќе поминит.

Туку шо прајме со тагава. Тажен веќе тажен, вака не ќе бев тажен да ми рикнеше рутерон. Аууу не дај Боже. Стап поправка. Карантин. Не ќе дојт некој од т-хоум. Дефект на рутер не е хитна работа во карантинов. Мада мене ак ме прашаш во ова ситуација поарно бубрег да ми откажот ама рутер не.

Тук шо да се прајт со најралнивата категорија на луѓе во државава во оваа коронска и економска криза. Шо да се прајт со МПЦ и ИВЗ. Аууу ќе пропаднат. Плаkаа плакаа веќе доплакаа. И јас со нив. Очите нааааааа кромид. Бучински. Не сакам да се потсетвам ама ко излезе Тимотеј, Госпоooooд злааааааатен и оваааа…аааај глуууууп нааааарооооод, за Велигден на трпеза, ко шо рече Тимотеј, да им дајт нов Mercedes teases Јeep 2020 luxuuuuu..uuurryyyyy SUV….и то шо побргу з`ш само пеееет се напраеееееениииииииии.

АМИИИИИИИИИИИИИИН!

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите