Абре луѓе мои конечно малку неделава шо помина некако се, некако….како да кажам, ај релаксирав. Да бе. Со светското првенство во ракомет. Е како зш. Македонија играше на него. Или не….или играше…Знам дек беа таму, е сега дал играше. Само едно не ми беше јасно. На чисто бев дек се радвам шо имат светско првенство. Насмеан растушен, разлеан незнам как да речам ко Хорхе на прес. Ама она шо ме бунеше….незнаев дал да се радвам зш ракометариве наши се учесници или зш Сител го преносвит првенството. Збунка ми беше шо е поважно. Ваљда не е репрезентацијава од Сител?!А? Сепак мислам дека поважно е “бајковизија„ шо пренесвит отколку нашиве шо се таму.
Можда пак поарно ќе беше репрезентацијава да беше од Сител. Богами. Немаше кутрите да одат од НСРМ до Словенија со мазги, па после со машини за дрва сечење низ Италија и низ Франција……е додуша од ко влегоја од Франција во Шпанија до Севиља немат шо замерки да редиме, како Султан Силејман на расни коњи јаваја. Ете и ко стигнаја тамо кај шо стигнаа не оти тие немаа со шо да одет туку така од ќејф наш гастарбајтер им пратил автобус до хотелот. Значи ги испративме и си ги третираме како да ојде наша мала во Сарамзалино на првенство во бинек.
Незнам како ќе ми беше да бев ракометар, нити пак сум пројавил желба за станам некогаш, ама ми идаше да пукнам од мака шо не сум пензионер од прва категорија. Абре убајна. песплатно болничко лечење. Баш она шо им требит на пензионерите. Зш како е тргнато во НСРМ немат веќе домашно лечење. Од каде на пензионерите пари за то? И директно в болница. Грло те заболе, пари за антибиотик аш, па се ширит во гнојна ангина, па некоја циста и данк директно в болница. Ем без пари ем лежи ко крап. Јас да сум ко пензионериве од прва категорија, намерно то го прам. Ко шо аздисвеа низ Скопје во автобусине, зш бесплатни, исто и овде. Данк чеканот по нога скршија и директно в болница. Храна без пари, струја дрва немат потреба, зш пред то жена ми ќе ја турнев по скали и та таму два три дена пред мене…..Како ам. Само да им текнит. Дур се здрави нека поживеат без пари, не на умирање. Зш мислам само вака овие пензионери ќе останат живи. Со болничко лекување.
Дур сум кај здравствово. Имав прилика пред ракометите минатава недела да ја поминам во Костозглобна. Морам овде да ги пофалам и Никола и Бранко, од проста причина шо тие најмногу имет владеено со нашава НСРМ. Можда требит и Тодоров да го пофалам. Ама можда. А како да не ги пофалиш. Болницана е донесена таман до реноме како шо требит, зш цела држава наша, Косово, Албанија и пола Србија идат. Како ја имет средено сиве овие години алал да им е.
Пример….на 40-50 пациенти имет клаено по една сестра. Арно ама нејзе в гс и имет бапнато турбо мотор и летат пустана. Абре укључвит исклучвит инфузии провервит до кај се со течење, и со раце и со ноѕе. Ако е негде критично, прикрај е инфузијата, во врвење го матинат шишено со носот го пречеквит со пета и на гради штоп, па со полна истовремено го спастрвит шишето или….ако имат поголеми цицки тука ќе го стегнит па после ќе се снајт.
А и со болничарите и болничарките убо е све решено. Тие имет ролерки. И намерно, зш многу е вложвено во ова болница и од Колета и од Бранко, од сегде дуват промаја. Ама ова да не се сватит ко негативно. Напротив. Позитивно. Ги шибат промаја в плешти, им стварат потисок ко кај авионине и стигвет кај секој пациент. На одење ги слеквит, на враќање ги облеквит, со една рака на еден му редит гуска, со друга на друг го ранит, со една нога во другата соба го покриват и зш све му е зафатено во врвење земат вода в уста и во третата соба му дават директно в уста на тој шо му се пијат.
А искрено и на докторине им имет погодено. Имат дури….чекај полека да ги избријам……..ехехеееееее дури три амбуланти. И то е големо растеретвење за докторите. Јас цела недела не видов појќе од 212 пациенти на една амбуланта. Ко ти викам. И одма пре бре то прегледите. Од седум сабајле, дур речиш, максиофацијалнахиругија со оториноларинголија сите се прегледани. Сите. Од 7 сабајле до 7 вечерта. И си ојт и докторот дома. Верви ми вака е убо све средено во болницава.
Само едно ми е криво. Шо Коле и Бранко и спајдермен не ни ѕирнале вакви убајни. Ги поканвам едниот да го одлепит газот од фотељана шо ја имат, другиот да го одлепит очите од фотељана шо болно ја сакат и да навратат да видат во каква убајна лежат и ќе лежат бесплатно пензионерине и сите пациенти и во какви услови работат не само докторине туку и цел медицински персонал. Па после да им кажвет бајки за учинок. Едниот години во ништо не вложвеше дур беше на власт, само во газон негов ваљда, а овај пак другиов шо ак вложвит ко вложвит во мадиња. Бар во неговине да вложвеше. Пример…
[email protected]