Абе нејќам да сум жена. Нејќам. Не ради пораѓање мораѓање, градиште мадиште. Не ми сметат. Од пет пороѓаи два имав со царски, еден со кралски, еден со нормален рез и еден нормален природен пороѓај. Значи не се работит за то. Не се работит ни за менструалниот циклус шо е секој месец. Никако. Ехееее се имам сечено пресечено и имам крварено како кокошко в када недозаклана.

Седев кај гимназија и сватив……Абе едноставно нејќам да врвам на легнат полицаец со 60 км на час. Абе нејќам седиштето да ми е тргнато толку напред како да општим со воланот. Абе нејќам ко ќе го вртам воланот однадвор да изгледат дека бриџам џам. Абе нејќам ко ќе поминам на легнат полицаец со предните тркала да свирнам со цицкиве, а ко ќе поминам со задниве да манам со газов на потпирач, а со глата в плафон.
Абре луѓе чудо е ова со женскиве шофери. Да се набиеле со седиштето до шофершајбна санќим требит трага од карминот да остает. И друго не ме бендосвит. Ко ќе се разминвам со жена шофер незнам дал седит на волан и ја возит колана или на хауба седит па колана нејзе ја возит. Незнам дал та је возит колата или колата ја турката неа. Едино шо не им змаервам е то шо ќе паркирет мавет в ѕид ама не се криви тие. Зш мажите ги лажет дека 15 сантими се многу. Нејќам да сум жена. Нејќам.

Сакам да сум Стево. И не само Стево, а ми Пендароски. Стево Пендаровски. Да се шетам низ НСРМ и да му шлашкет како на него. Абе чоеков години го немаше се шеташе како бииип на маде ете одбра да е кандидат на СДСМ-овциве и по ова шо го гледам на ФБ, му остана уште Свирипичино да ојт и да имат овации шлашкања санќим овај ако не беше НСРМ ќе ојше јабана. А пуста наша држава во каква ситуација е и Путин да го донесиме, ќе му најдат афера, дека во топана ко врвел со Лада Нива, имал сомнителни супстанаци кои можат за свашта да се упоребат, за да на крајот на истрагата да испаднит дека носел гумени бомбони за Обама, во вид на црно суво грозје. Црно? Незнам шо ми текна.

Абе да знајш колку сакам да сум ко него. Да советвам некој од ВМРО, да му варам кафе на некој од СДСМ, да го депилирам на овај од ВМРО, да му ги средвам бакембардите на онај од СДСМ, ако требит да манам фелацио на тој шо ќе побарат и да сум збунет во очекување да ме поканет да бидам кандидат, па ако требит и за партијата на зелени саде да сум кандидат. Браво Стеване. Ама ние нафта не пијаме. Мада е поефтината. Можда некој срк од плин ама…

Да се разбериме. Сакам да сум…..зш бе пак да не сум Хорхе. А? Па шо. Ќе си ранам кокошки. Ќе си шетам секој ден во паркот на резиденцијата. Ќе собирам смрекинки. Можам да гледам телевизија цел божјиииии ден и никој да не ме чепкат. Или пак кој мојт да ми збранит…..ќе си го шетам кучето да речиме цела недел без прекин, па една недела ќе го чешлам, па пак ќе си го шетам, па ќе му ги чешам теститчињата зш то ми е во спецификација на работни задачи. Шо сакам ќе си прам зш немојт никој да ми забранит? Не така?

Можам да си ги викнам другарите. И то кој сакам. И за то немојт никој да ми забранит. Со нив ќе си играм котката питката, џуздија, пипни стој , а најмногу сакам да играм долго магаре….не…. долга магарица се викаше. Да долга магарица. И то ко ќе ја играм ова игра многу сакам да пасам. И така пасејќе ќе ми поминит уште еден мандат. Суперишка.

Е сега сакам да сум и гласач. Зш многу сакам да имат избори. Какви сакат нека си. Избор за мис лето, избор за мис зима. Избор на мис на Македонија, избор за мис на наша мала. Избор за мис на нашион влез, начион подрум, за мис на нашион спрат. Секакви. Ама овие политички навистина ги сакам ептем.

Абре сакам од сабајле да станам, да се искапам, избричам, депилирам, да се дотерам со костум, бела кошула, машна….абе да се стокмам и дотерам како бебе за на вакцина. Да бе. Сакам зш тој ден јас сум најважен на светот. Гласач сум. Не гласач ко после пиење ко ќе гласам в шоља, ами прав гласач, зш од мене ќе зависит кој мене ќе ме молзит наредните години. Сакам достојно да си влезам , да си земам ливче, сакам да го спремам пенкалото и…..и….и….е овде се посравме. Од ко ќе го спремам пенкалото и ко ќе прочитам кандидатите е тогаш незнам шо сакам. Друго све си знам. Ама ова незнам.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.