Анализирав. Разгледвев. Синтетизирав. Њушев и шпиунев и дојдов до откритие дека имаше многу малверзации на студенскиот марш во Скопје во контекст на злоупотреба на студентите, злоупотреба на настанот и злоупотреба на причината за мирните протести низ нашата Ветропола Скопје, полна со споменици како срамни пубични влакна од порничине германски од пред 20 години. И заклучив….алооо екстерно е екстеро, а државен испит е државен испит. Ова ми го кажа еден јасновидец. Баб Ванѓа.
По ред. Да бе све по ред. Јас сум воспитан све по ред да прам во ова наша демократска, слободно-изразувачка, дури можам да речам сободно- какачка држава, мојата ми мила НСРМ, каде секој мојт да какат како рицинус да имат пијано, а не одговарат за својот збор. Или какачка сеедно.
Студентите се злоупотребени…..рече едно бате кое на која власт стигна му праеше фелацио и то не обично, туку од она сексапилноно….му прајш фелацио и го гледаш во очи на оној шо е фелацитиран, се пикат во….море шо се пикат…се срасна како хеморид на секој чмар од власта. А сега би требало и студентите да ги гледат во очи и да им се извинит. И не гледам контра аргумент да ја убедам народната маса, мада и народниот стол, дека се манипулисани истите. Зш студентите се деца на возраст од 6-7 години, немет свое јас, а уште помалку став зш нивниот став е киндер јајце. Шо значит дека органите требит да се фрлет во коштец со главиот увозник и делач на киндер јајца зш со то ги натераа тие да излезат барајќи глупости.
Овај то шо го изјави кажа дека ги манипулисале чичковци кои биле паразити и се прикачвеле на грбот на секого да го цицет. И немој да му се лутите шо така рече. Зш ако тргниме од она народнана “цреп шутере прекарвит“ или пак уште посликовитата “ подрж’ ми го копилево да се искарам со курвава“, тој најдобро знајт шо е да си паразит, тој најмногу знајт зш на сите чичковци им седвел на јајца, ама не киндер, тој најубо знајт како се изведвит процесот на фелацио и чмаративно – лижачките потези му се секојдневие.
О па да. И јас сум за то чаре да се барат да се опстојт. Ама не со пушателни активности на поедини чичковци, а истовремено да го обвиниш некој дека то го напрајл еднаш, а ти го прајш катаден.
Додуша не знам на кои чичковци мислеше, ама ако мислеше на чичко Заев Корнишонон сигурен сум дека не беше со студентите зш дур ги викаше да се соберат побргу ќе ги растераше зш толкав му е капацитет на бомбашот Бошко Буха, кој три пати ја сјеба работата со бомбите. Еднаш пукна бомба пред полиција Куманово, еднаш пукна пред полиција Тетово и еднаш во Охрид. Трите ги погоди ко прст во лајно.
Даље. Настанот не е злоупотребен ами се измамени студентите зш откако се покакаја јасно кажаа дека недобро разбрале две работи. Првата дека не е екстерен ами внатреинтерен или со новиот речник државен испит, а друго….кој шо онакво излегвеа студентите ко за сегашните студенти не важит ова просеравање.
Како зш? Зш ако важит за сегашните студенти молим те кажи ми, ама искрено кажи кога ќе завршат дел од министрите факултет? А? Овде веќе одговоривме и на причините за кои студентите се изманипулисани да излезат само во 10 000 бројност. Абе деца не излегвите. Ојте дома, некој во станојте, и таму ако не појќе, како е тргната работава ич малку ич малку родителиве ќе имет пари за кирија дурииии до јануар. После ќе видиме. Бидете здрави и живи и незапослени.
Така да све е јасно и кристално чисто. Само ме засекираа од активисти од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) и од Хелсиншки комитет за човекови права кои до Јавното обвинителство во Скопје поднесoa кривични пријави против водителите Јанко Илковски и Миленко Неделковски за ширење говор на омраза. Ма ти се молам. Каков говор на ширење на омраза. Аман. Ако некој ги мрзит, зш се шугави, мрсни, прасеќки, то не значит дека овие имет земено сила па да јадет лајна како ќе им текнит. Аман. Никогаш не биле двајцата такви, секогаш расположени биле и во позадина им одел фонот “Како је лепо бити глуп“.
Е едино ова недела рај на душава ми напрај Заев со изјавата: големите дела на Свети Климент Охридски не обврзуваат сите нас, втемелените патеки на меѓусебно разбирање, почитување и помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнуваме. Јасно. Браво Зеко. Ама ти дан влезе во заблуда како студентиве. Дан ти се помешаа брзините дан сакаше да речиш: големите дела на Св.Бранко…….не не , не прејудицирам….само реков…
А ќе забораев. Прочитав дека бразилската манекенка Индианара Карвалјо се подложила на операција за повратување на нејзината невиност која траела 30 минути. Ме интересират, дали постојт и колку ќе трајт операцијата на враќање на невиноста на политичарите од НСРМ од осамостојувањето до денес. Според мене ќе имат гужва како за концерт на Цеца со си цицки. Не знам? А ти ?
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.