Абре кај се редело цефка толку плитко на само 5 и пол метра под земја. И како да не се рушит а? Чоеков си садел цвеќиња и ко боцнал со колчето в земја оп…..гејзер. Ам ај море да не мојт чоек македонче да си посадит. Па морат македончето да имат подлабок корен. Така викат и Генча. Не бре не копал биткоини, садел патлиџанче, кромиче….Се редело толку плитку цефки? И после од каде салатчиња за ова туристиве шо нагрнаа во Охрида града.?

Пак пиши по веснициве: градел зграда, копал со булдужер ова она. Ам ај море….тој да копаше со булдужери ќе го скинеше главниот довод за минхенскиот водовод. Да бе, од тука врвит. Од Биљанини пичит директ в Немачка. Мхм. Мада добро е и све се среди. Дур речиш оториноларингологија цефката се смени.

Е сега почекавме малку да стигнит цефката з`ш чекавме да дојт саглам цефка од дијамант од Боцвана како втора земја по богатство со оваа најцврста материја . Од “Нискоградба“ се јавија и Русија, како најбогата со дијамант, ама Путин немал време да копат за нас дијамант з`ш ја копат Украина. А таму немат. Додуша имаше ама имат снемано.

И добро шо навреме се заврши з`ш не чекат важен дадум….8-ми Август. Датум кој за охриѓани е трет Илинден. Ден кога ќе се славит во Охрид на сите страни, ќе се вртит со коли, свирит, знаме ќе се вејт и патриотски песни ќе се пејт. На тој ден, не само шо мама и тато имет годишница од брак, туку ден кога и официјално ќе ни дојт најновиот жител на градот Охрид, ни идат Маршал Мијалков.

Е бре шо ти значит то ко ќе имаш ваков град. Сите бизнисмени почвет да нагрнвет, да се втикачвет сите богаташи и масони во нашиот град. Бичим Монако сме. Додуша Саше не идат да го прчит ко некој туку си идат на работа. Охрид ќе работит, а Струга ќе спијат. Таму нашол газдата на бурекчилницата кај шо ќе работит началникот хотел шо му доликуват на чоек од ваков ков. Да бре бурек ќе печит. И цимер ќе бил со онај шо прајт најубо тесто. Мислам Орце се викат.

И газдата се погодил некој фер чоек. Секој викенд слободен ќе му е и уба дневница ќе му давал. Дури и одмор му следвел. Е сега останвит да собериме 150 000 потписи да се распишит рефереднум да му издејствуваме и регрес за домарот. КА-15.
Ќе го замолам Мицалета ко ќе го прајт онај неговион референдум. Ко ќе го формулират прашањето за рефереднумот да го вметнит и ова за Салета. Само да не брзат ко за све и за бурекџијава да го прашат унгарскана побегуља како да гласит прашањето. На крај на краиштата брачеда му е на Сашко.

Како не си знаел. Да бе. Мицале се спремат да прајт референдум з`ш тој не е сигурен дал бугарине не дупат или не. З`ш беше Боцвана во цефката и не му е јасно шо се случвит кај нас. На тие часој не беше. Зато ќе земит од Грујо тетратката и ќе препишит шојмет предавано тогаш. Ко секош од него шо препишвит. И со референдумот сакат ние сами да кажиме.

Е сега и мене ме јајт јанѕа за прашањето. Мене ак ме најде јас би рекол вака: дека не дупит ЕУ и Бугарија не дупит. Дека во рамката на протоколот стојт ние сами да си набавиме вазелин стојт. Значи мојт прашањето вака да се формулират: Дали ти македонче сакаш твојот брат б`лгарин да прајт визити и да те дупит или ти ќе му ојшт по дома да му се натртиш?

ЏИМИ
П.С. Следит нормална летна пауза. Се читаме на 02. 09 (вторник)

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.