Морееее шо ќе беше ова ефенди Мицко космополит. Алал да му е. Да имав капа ќе му напраев едно јако темане до земја. Браво Мицале. Аферим. Зеде чоекот и ѝ честита на Шеќерка шо стана заменик-генерал на НАТО.

Ам да станеше генерал? Па па па, то ќе беше бакнежи, пукање огномети. Јас пак мислев Мицко на СДС-овец не би му честитал ни сипајнци, а не ваква функција. Пак уште Ангела Агелер ко кажа и дека се залагал за Шеќеринска незнаев шо да прам од радост. Кај да е очеквам на пресој покрај лавот да стојт и знамето на СДС и обратно. Јас да бев ко Рада ќе си го рачунав Мицкота за помал брат. Жими двајцата. Ете како спијат заедно мачето и кучето. Очеквам нова партија ВМСМ.

Абе ко ќе се сакаш и љубиш све ти тргвит во уба насока. Одма после честитката на Мицале на Рада ете и Апасиев со другар му Боро Крмов не можеа да ја контролирет љубота кон ВМРО и сред собрание пред сите со неколку од нив се загушија се засакаа.

Море обезбедувањето тргај на ваму, тргај на таму никако не можеше да ги одделит. Кузнајт шо ќе се дешават на следната редовна седница за поставување прашања на министрите и на премиерот од пратениците. Жими нив.

А богами еве и од мене честитки за Филипчета за завчерашниот говор на конгресот на СДСМ. Све убо си кажа чоекот и политиката на партијата која ја водит ја обои во розево. Посебно се намовнав ко кажа како ќе ја воделе државава ко ќе се врателе на власт. Иако не биле на власт 20 години тие со посебно внимание го прателе начинот на кој ВМРО кај водит држвава. Трњата шо ги остаја на почвата на Македонија СДС следниот пат ќе бидит посадена со тулипани, лалина и ружи. Само пред да го напрајт то требит да ни ги пресадит мозоците, и то му е работа, на сите во држвава з`ш ние како македонци аку сме заутени колку толку меморија не држит.

И Спасов даде, ко мене, позитивно мислење за говорот и јасно кажа дека имат надеж за СДСМ и за државава со новата СДС за во иднина ко ќе дојтат на власт. Според него охрабрувачки бил говорот за македонскиот народ, Венко не охрабрил дека не морат да си ојме од ова вукојебина туку со голи раце да ги искорниме трњата посадени за нивно време, а и на сите шо беа овие 30- тина година.

На конгресот се рече дека во новото СДСМ има свежина и нови ликови. Јас пак колку шо читам во Централниот одбор, а и во другите партиски органи све истите се од пред некое време дури и во опшитнските комитети. Е едино ако не знајме, а тој да им имат напраено ремонт на мозочните вијуги на истите.

Ми тргна со честитки. Истите ги упатувам на Општина Гази Баба. Замислете во село Булачани ти се отворила спортска сала во школото “Наум Охридски“ после “само“ 61 година. Во говорот кој го одржа председателот на општината Стефкоски се изонади од радост, а и ние се искашкавме.

Ами бре брате ако е за фалење да се напрајт нешто сего, шо требело да се напрајт пред 61 година не ќе да е многу за радвење. Засрамота е то з`ш то е нормално во една држава која претендират да станит членка или ак сакаш пченка на ЕУ. З`ш кој стигна не изгриза.

То тие исто да земит некоја млада мајка да му дајт да цицат на бебето и после да го соопштит то на прес со среќа и како некоја новина. Свашта.

ЏИМИ