Абре дај Боже шо појќе луѓе да битисвет на дунава ко овај министеров за економија Грешник, Крешник, незнам како беше. А тој уста отвори, а јас се радвам ко мајка на посрано дете. Господ златен да ги размножит ваквите политичари.

Ете кажа чоекот. Од први јули ќе се вратела евтината тарифа на струјата. Ќефој. Многукратна добивка

Прво: санитарно-хигиенска добивка. Немат да се чекат недела да се изрибаме, да јас сметниме калојнката од нас, ката ден ќе се брчкаме во када како рипчиња во аквариум.

Второ: економско-монетарна добивка. Ќе купвиме помалку парфеми з`ш не ќе имат потреба ко некој госпожи до сега на не капено да матинаме повеќеслојна прскателна наслага на телото, а посебно под мишка.

Трето: гурманско – хранателна добивка. Ќе си ја збогатиме кујната и разноврсната храна употребвејќе рерна секој ден не само недела. Ко ќе му писниме секој дан да прајме печења од г`с папир, влажни марамици, пелени, влошки. З`ш цените на овие производи се замрзнати и мојме колку сакаме да ги јајме. Башка и јајцава се замрзнати. Ене го Таче од ко се срмзнаа јајцава чоекот си отвори нова перспектива. Саде излегвит да пазарит и ни кажвит дека ни прајт јајца в око. Некош ни ги прајт кајгана. Ни ги отеквит.

Џанум ко веќе го спомнав г`с папиров и да не прајме печење со него ќе ни годит ниска цена з`ш како шо ојт времево се појќе сератори се појавувет во државав така да евтино ќе не коштат нас како народ да им ги бришиме гомнејнците шо ги прает.

Ова со струјава се должело на произведена вишок струја. Јас одма го сумив то. Неколку пати се случи ко ќе даваше некоја изјава Мицале тук наеднаш ќе забрзаше со зборвење ко на дабл плеј да е. Незнам з`ш ама кај него најмногу делуваше. Ко да имат чоекот нешто во врска со струјата. Не ко нормлано она шо го велит: ПРЕДВРЕМЕНИ, туку наеднаш ќе се чиуеше ПРЕД“В“`И….така нешто.

Е ко шо не разбра Крешник за струјава уште појќе не разбра Ван дер Белен, председателот на Австрија. Не разбра з`ш сме биле исфрустрирани за уставните проимени. Браво бе Хер. Ај што не разбра туку и ни порача да не сме драматизирале многу околу Бугарите. Да не сме драматизирале околу то шо Бугарите ката ден не вреѓет, не не признавет како народ, шо Цар Борис мамата му плакал на македонскиот народ.

Немат шо да сме драматизирале дека овај царов соработвел со третиор рајх и учествувал во ликвидирање на стотици Македонци. Шо потреба да сме кревале џева дека отерал илјадници евреи од Македонија во Треблинка. Не така? Не бре Хер Белен. Каква фрустрација какво драматизирање. Све ќе напрајме ти како шо викаш за во 2030 година да ни помогниш за влез во ЕУ. Да бе. Херот рече одма ќе ни помогнела Австрија. Одма за нас значит 2030 година. Или МОЖДА во 2030.

Абе све ќе бидит само уште Славјанка да ги однесит оние 12 хелихоптери во Украина шо ни ги дадоа русите, з`ш ние сме куупиле 8 нови. Џанум ти е се стари и ако неможет да тепет Руси мораме да ги дајме з`ш Славче рече ќе сме потрошеле пари за да ги уништиме. A ако потрошиме пари не ќе мојме да им ги зголемиме платите на кутричките ни државници. За грев.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите