Најмалку 154 лица загинаа во свлечишта, предизвикани од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија колумбискиот град Мокоа, изјави претседателот на државата Хуан Мартин Сантос по посетата на областа во која се наоѓа овој град. Градот Мокоа има 350.000 жители и се наоѓа во близина на границата со Еквадор. Поплавите и свлечиштата уништиле куќи, мостови и голем број на возила, а полицискиот командант рекол дека меѓу загинатите има жени и деца.
Преставникот на државната агенција за катастрофи Карлос Иван Маркез рекол дека водената стихија се случила околу полноќ, додека жителите на градот спиеле.
Колумбискиот претседател предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем бидејќи спасувачките екипи сеуште трагаат по исчезнатите. За исчезнати се водат 210 лица, а 400 луѓе се повредени.
Хирург од локалната болница изјавил дека повредените се згрижени, но дека бргу се трошат резервите на крв.
OhridNews
извор Макфакс