Во Колумбија оваа седмица се одржува национален натпревар за најдобра тенчерка околу шипка, а натпреварот поради кој половина од државата престанува да функционира се одржува во вториот по ред најголем град Меделин, веќе втора година по ред. За време на натпреварот во Колумбија животот престанува на една седмица, а Меделин привлекува огромен број посетители.

Сите натпреварувачки се поделени во четири категории, младинки, почетнички, средно искусни и професионални танчерки. Организаторите се залагаат за детабуизација на танцот околу шипка бидејќи сметаат дека тоа не е стриптиз вештина за сомнителни ноќни барови, туку сериозна гимнастичко-акробатска дисциплина. Победничката на натпреварот ќе ја претставува Колумбија на натпреварување помеѓу претставнички на сите латиноамерикански земји, а сите учеснички покажуваат неверојатна еластичност и уметност во танцувањето околу шипка.