Имено, на националните медиуми се вртат телевизиски спотови и фотографии на кои се прикажуваат сцени на убиства, несреќи… Се покажуваат луѓе кои трагично ги загубиле животите, се сее страв. Овие морбидни спотови се вртат во најударните термини, тогаш кога покрај гласачот пред телевизор седи и неговото малолетно дете, мајката на некоја од жртвите прикажани во партиските спотови, нивните семејства, нормални луѓе.
Се огласи Советот за радиодифузија, кој апелира до медиумите да се заштитат малолетниците во политичките кампањи, кои како што стои во реакцијата не смеат да го загрозуваат човековото достоинство. И толку. Молчат институциите, еснафаските здруженија, интелектуалците. Колку ли вреди власта кога при очи сите се прават слепи?