Дали сте размислувале за тоа дека би било добро во своето домаќинство да имате барем една намирница за која сте сигурни дека ќе ви го подобри квалитетот на живеење? Тоа е можно благодарение на различните намирници кои се лесно достапни и со кои можете да бидете убави и здрави.

Маслиновото масло е само еден дел од приказната, а за неговата лековита моќ знаат речиси сите. Колку е добро за здравјето на човекот, толку е потребно и за негата на кожата и косата. После третманот кој го вклучува ова масло, кожата е мека, а косата сјајна. Важно е само да пронајдете квалитетно масло кое ќе стане дел од вашето секојдневие, ако веќе не е.

Освен маслиновото масло, не треба да заборавите на уште едно масло кое мора да се најде во вашето домаќинство. За што точно се работи? Дали сте чуле за маслото од ленено семе? Неговата лековита моќ е навистина голема и тешко е да се одреди за што прво треба да се користи.

Она што е сигурно и со што се согласуваат сите експерти е дека маслото од ленено семе има неверојатен ефект на кожата. Одличен е кај заздравување на кожата, но треба да се биде внимателен и да не се нанесува каде што има отворена рана, на место од изгореница, убод или други кожни проблеми. Вашата кожа после третманот со лен ќе биде како нова.

Маслото од ленено семе изобилува со вредни есенцијални масни киселини и аминокиселини и диетални влакна. Затоа, ако сакате да изгубите килограми без проблеми, знаете по што треба да посегнете. После примената на ова масло многу подобро ќе се чувствувате и ќе бидете полесни за неколку килограми.

Неговото богатство лежи во омега 3 масните киселини кои се важни за целиот организам. Освен што го зајакнуваат имунитетот, тие штитат и од срцеви заболувања, а помагаат и кај менструални и хормонални проблеми.

Ако сакате да го вклучите повеќе во вашиот живот, можете да го користите како додаток на разни салати. Важно е да го консумирате свежо без готвење или печење бидејќи така се губат неговите нутритивни својства. Време е да се свртите кон оние намирници со кои ќе се чувствувате подобро.

 

извор:savjetnica.com