На тркалезната маса за транспарентноста на општината Охрид ќе дебатираат градоначалникот, претседателот на градскиот Совет, советници, раководители на сектори, ПР, шеф на кабинет и претставници на невладини организации, бизнис секторот, медиуми, урбани заедници.
Дебатата треба да помогне во утврдување на начините на информирање во општината и формите за комуникација со јавноста во интерес на транспарентноста во работењето на општинската администрација.