За еден месец ќе бидат завршени конечните пресметки по што ќе се знае колку дополнително ќе чини изградбата на 57 километри долгиот автопат Охрид – Кичево, каде се констатирани сериозни пропусти.

Првично беше предвидено автопатот да чини 374 милиони евра кои беа обезбедени со кредит од Кина, кој беше условен со кинески изведувач.  Изборот падна на комапнијата Синохидро која сега бара повеќе пари за исправка на сериозните пропусти во планирањето и проекторањето на автопатот.

Рокот за изградба истече во јануари оваа година, но е пролонгиран за јуни 2021 година. До овој датум треба да се преработи проектот, да се санираат грешките и да се изградат клучките и другата помошна инфраструктура која сега недостасува.

И натаму проблем останува експропријацијата на земјиштето, за што се водат бројни судски процеси, но и изградбата на тунелите каде има проблеми со земјиштето, за што се ангажирани експерти од странство. Дури потоа ќе се обезбедуваат средства за доизградба на автопатот. Неизвесно е дали тој ќе биде продолжен со крак до Струга, односно до ГП Ќафасан како што првично беше предвидено.

OhridNews