Фудбалот во Европа ја загуби првата битка со коронавирусот (ковид -19) но не и војната во која фудбалерите не се сами, туку заедно со целото општество. Обид за триумф имаше со одлуката да се играат мечевите без публика, но се покажа безуспешен. Фудбалот низ цела Европа колабираше и моментално хибернира, со надеж за брзо средување на работите и продолжување по стариот терк.
Консултанската фирма „КПМГ“ направила проценка околу штетите, кои, ќе ги претрпат клубовите од најдобрите пет лиги (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција) поради принудната пауза. Вкупната сума ќе изнесува 4 милијарди евра. Во сумата се пресметани билетите за влез на стадионите, телевизиските права и други пропратни работи кои се поврзани со фудбалот.
Во најголем минус ќе бидат англиските премиерлигаш со сума од 1,35 милијарди евра. Шпанската Ла лига ќе изгуби 800 милиони евра, Серија А и Бундес лигата ќе бидат во минус 450милиони евра, а француската Прва лига нешто над 250 милиони евра.
Две недели веќе не се игра фудбал. Во најдобар случај сезоната ќе продолжи во мај, што значи паузата ќе биде повеќе од месец и половина. Ако ситуацијата со коронавурисот се среди и сезоната продолжи загубите на клубовите ќе бидат помали, во спротивно сумата од 4 милијарди евра ќе се зголеми.
OhridNews