Кејт Мидлтон со мажењето за принцот Вилијам станала Војвотката од Кембриџ. Веќе е општо познато дека нејзиниот веренички прстен е всушност истиот кој го носела принцезата Дајана. Но она што е интересно е дека вредноста на истиот прстен расте од ден на ден. Прстенот од 12-каратен сафир окружен со 14 дијаманти денес е многу повреден отколку што бил во 1981 година кога принцот Чарлс го ставил на прстот на Дајана.

Оригиналната вредност на прстенот кој е симбол на љубов и верност е околу 50 илјади долари, а денес неговата вредност импресивно пораснала и е проценет на повеќе од 500 илјади долари. Кејт повеќекратно профитирала во само три години брак, а како стилска икона и идна принцеза, миленичката на Британија очигледно не може да погреши.