Научно е докажано дека смеењето е добро за здравјето на луѓето. Дури и во тешки периоди, насмевката на лицето може да не направи опуштени и среќни.


Иако смеењето е одлично за борбата со стресот, а со самото тоа спречува најразлични болести, изненадувачки е податокот дека луѓето во просек се смеат навистина малку.

Во научно истражување спроведено од “Women’s Fitness” било откриено дека просечниот човек се насмевнува само 7 пати дневно, а од нив барем една насмевка е “лажна”.

Победете ја статистиката и смејте се повеќе, а со тоа ќе го подобрите вашето здравје.