Колин Фарел неодамна признал дека не може без теретана, и дека целосно бил опседнат со тренирање. Откако и рекол збогум на распуштениот живот, ноќните забави и пијанките до раните утрински часови, Колин бил сосема друг човек. Меѓутоа, ако може да се суди според неговите најнови изјави, тој и понатака е екстремна личност.
Имено, популарниот ирец раскажал дека обожава да вежба и дека многу ја засакал теретаната, која претходно ја презирал. Таму наоѓал мир, што било чудно за него. Никогаш претходно не размислувал дека ќе стане еден од оние луѓе кои секојдневно одат во теретана да вежбаат. Меѓутоа, по се изгледа работите се промениле.