Актерот Колин Фарел гостувајќи во ток шоуто кај Елен Деџенерис рекол дека негова последна романтична врска била со 40 години постарата Елизабет Тејлор. Колин раскажал дека кога се родило неговото второ дете, во болницата налетал на тимот на Елизабет Тејлор, која во тој момент имала операција на срцето. Им рекол да ја поздрават иако веројатно нема да знае кој бил тој, но од тимот му рекле дека таа добро знае кој е. Бил навистина изненаден, но немал време за подолг разговор бидејќи морал да оди.
Тој раскажал и дека после две седмици го повикал својот агент да ми каже да и испрати цвеќе, на што овој му одоговорил дека Елизабет веќе му испратила нему букет, со рачно пишувана порака. Колин додал и дека имал намера да стане нејзин осми сопруг, но за жал таа починала во 2011 година. Контраверзниот актер е познат по забавувањето со доста постари жени од себе, па така бил виден со 70-годишната Елен Аткинс како и со Деми Мур.