Џесика Бел прво била фотографирана во друштво на Џерард Батлер, а потоа почнала да кружи приказна дека славниот ирски заводник Колин Фарел е потполно опседнат со својата колешка. Џесика ги обожавала акцентот и личноста на Колин. Потполно го преболела Џастин Тимберлејк и добро се забавува, а Колин бил одличен партнер за провод.
Се дружеле за време на снимањето на заедничкиот филм, а Колин и рекол дека сака да продолжат да се гледаат и по завршувањето на снимањето. Сега останува само времето да покаже дали Џесика го завела Џерард Батлер или пак Колин Фарел.