Ирскиот актер Колин Фарел во новиот филм за Хари Потер “Fantastic Beasts and Where to Find Them” ќе го толкува ликот на волшебникот Грејвс, пренесуваат медиумите. Сценариото за тоа остварување го напиша британската писателка, творецот на Хари Потер Џ. К. Роулинг, го режира Дејвид Џетс, а покрај Фарел играат уште и Еди Редмајн, Кетрин Ватерсон, Езра Милер и Алисон Судол.
Грејс во Њујорк го запознава Њувт Скамандер, главниот лик кој го глуми Еди Редмејн, а кој влегува во авантура со тајно друштво на волшебници и вештерки обидувајќи се да ги документира магичните суштества. Тие настани 70 години подоцна ќе ги проучува Хари Потер. Филмот на големото платно би требало да се појави на 18 ноември 2016 година.