Актерот Колин Фарел добил улога во филмот „Утеха“, во режија на Алфонсо Појарт, чие снимање започнува во април.

Дејството на овој трилер ќе следи млад агент на ФБИ, кој се здружува со пензиониран лекар како би се обиделе да пронајдат опасен сериски убиец. За Фарел е наменета улогата на убиецот, лекарот ќе го игра Ентони Хопкинс, а сеуште не е познато кој ќе го игра младиот агент.