Колин Фарел, заводникот на кој жените не можат да му одолеат, бил многу близок со Елизабет Тејлор. Иако Фарел тврди дека тие двајца биле само пријатели, тој е една од ретките холивудски ѕвезди која присуствувала на приватниот погреб на познатата актерка минатата седмица. На погребот тој изрецитирал две песни по барање на починатата актерка. Во таа прилика изјавил дека и после смртта чувствува како таа го држи во дланката, и дека и сега се тресе од самата помисла на неа.
На прашањето како се спријателиле, Колин одговорил дека тука нема некоја филозофија, и дека кога на некој му се допадне некоја девојка тогаш и испраќа голем број пораки во ситните часови, а исто толку пати и и’ се јавува. Што се однесува на Елизабет Тејлор, таа никогаш не дала конкретна изјава за својот однос со Фарел. Единствено што рекла е дека многу ги сака Џони Деп и Колин Фарел.