Викендов охридските Колибри во двете конкуренции ги одиграа натпреварите како домаќини.

Генерацијата 95 беше посупешна од КК.Илинден Скопје со 86:66. Рутинска победа до која стигнаа благодарение на добрата игра во одбраната. Најефикасни на натпреварот беа Димов Марио 18поени, додека Јакимоски Никола и Стојаноски Димитар постигнаа по 16 поени.


На дербито на колото `94 годиште во натпревар со неверојатна разврска “Колибрите “претрпеа минимален пораз од реномираната екипа на Работнички-Скопје, со 64:66. Домаќините во текот на целиот натпревар имаа предност која на моменти беше и со од 7-8 поени,  но не успеаа да ја задржат.

Најефикасни на натпреварот Настески Ристе 15 поени и Баткоски Филип 12 поени.

М.П.