Охридските “Колибри“ имаа значajна презентација на кошаркаскиот камп кој од од 22.06-29.06.2009 год. се одржа воДојран, во спортскиот комлекс на “Истатов“.

Учесници на кампот беа кошаркари од Охрид, Струмица и Скопје, за кои беше одговорен стручниот тим на чело со селекторот на машката А репрезентација на Македонија Јовица Арсиќ, потоа тренерите Балазоска Весна-КК.Колибри, Мицески Златко -КК.Милениум И Јанков Драго- помошник селектор на младинска лига .

Кошаркарски надежи беа подели во соодветни групи според возраста и квалитетот кој го поседуваат.



Охриѓанецот Нино Цветаноски-1995 год. победи во  натпреварувањето за три поени, за најферплеј играч беше избран Осман Јалцин-1997 год. од Охрид, а за најподвижен играч Боби Колчак 1997 год.

За МВП на турнирот од страна на целиот стручен штаб беше избран Туран Шазиман од Охрид, кој со својата игра не го остави и рамнодушен селекторот Арсиќ.


Како промотер на овој камп и специјален гостин , беше охриганецот Ганер Осман, кој игра во Ммадинската репрезентација на Македонија, а од мината сезона настапува за турскиот Ефес Пилсен. Овој млад играч четврта година по ред е член на летната кошаркарска школа на КК.Колибри.

оhridnews