Кошаркарите на Колибри до 16 години во втората рунда од шампионатот го совладаа Пелистер со 64-49.


Охриѓани ја добија првата, третата и четвртата четвртина што им обезбеди нова радост и победа.

Наум Маркоски постигна 13 поени, Христијан Кузманоски реализираше осум, а на седум застана Филип Велкоски.

Втората генерација на Колибри немаше противник во втората рунда и беше слободна.

Мх.П.