Охриѓани пружија достоинствен отпор, а пласманот помеѓу најдобрите четири во својата конкуренција само по себе преставува успех.
Шазиман Туран со 26 поени ја предводеше екипата во која уште поени постигнаа Настески Ристе 17 поени, Голабоски Зоран 10, Стојаноски Димитар 3, Јакимоски Никола 4, Вучетиќ Лазар 5, Баткоски Филип 9 и Рочески Александар 5 поени.
Завршен е еден четиригодишен циклус на работа со овие млади кошаркари кои во наредната година ќе се натпреваруваат во младинската категорија.